H&M го сака Скопје: Мурал кој го прочистува воздухот ќе биде откриен во центарот на градот

H&M Hennes & Mauritz AB (H&M), шведската модна компанија која ќе ја отвори својата прва продавница во Скопје во текот на оваа недела, денес пред Гимназијата „Јосип Броз-Тито” ќе го открие новото урбано уметничко дело, мурал кој истворемено е пример и за одржлива уметност.



Муралот, изработен од локалните артисти Ертунч Сали, Бранкица Јордановска и Сања Симоска, е 60 метарско уметничко дело кое ја пренесува пораката „H&M го сака Скопје”, на најдобар можен начин – со истовремено прочистување на воздухот благодарение на специјалните материјали искористени за премачкување на ѕидот.

Преку процес на фотокатализа, благодарение на фото-сензитивните честички кои се нанесени на муралот, ги разградува штетните честички од воздухот во истиот момент кога ќе дојдат во допир со површината на муралот. Ова е првиот мурал во јавен простор во Скопје, кој има прочистувачки својства. Дополнително, материјалот кој е искористен има само-прочистувачки, анти-бактериски и анти-вирусни својства.



-Ова прекрасно парче на одржлива уметност е нашиот подарок за Скопје, и е симбол за почетокот на нашето модно патешествие овде. Истовремено, покажува дека одржливоста е дел од ДНК-та на H&M, и дека забавата и креативноста одат рака под рака со грижата за климатските промени и одговорноста кон околината, изјави Томас Естрани, Менаџер за продажба.

Муралот ќе биде откриен денес, 15 август, со маалска забава на платото пред Гимназијата „Јосип Броз-Тито”, на само неколку дена до официјалното отворање на продавницата во Ист Гејт Мол на 18 август.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби