Нетфликс ќе отвори свое студио за видеоигри во Финска

Нетфликс објави дека ќе отвори свое студио за производство на видеоигри во Финска. Тоа ќе биде прво такво студио на Нетфликс откако стрим-гигантот влезе на пазарот за мобилни игри во ноември 2021 година. Сега го купи „Некст гејмс“ со седиште во Хелсинки за околу 72 милиони долари, по трите други студија лани.



Нетфликс има околу 20 мобилни игри што им се достапни на претплатниците за преземање, а се планира тој број да достигне 50 до крајот на годинава. Понудата ги вклучува „Stranger Things: 1984” и шаховската „Queen’s Gambit Chess” – игри засновани на серии на Нетфликс.

Според „Аптопија“, помалку од еден отсто од вкупно 220 милиони претплатници на стрим-услугата користат видеоигри на дневна основа.

– Сè уште е рано, а имаме уште многу работа за да обезбедиме одлично гејмерско искуство на Нетфликс. Може да ни требаат години за да се создадат игрите, па горд сум што гледам како постојано ги градиме темелите на нашите студија за игри во нашата прва година, изјави Амир Рахими, потпретседателот на одделот за видеоигри на Нетфликс.

Компанијата рече дека нејзините игри нема да имаат реклами, ни апликации за купувања. Во мигов, корисниците можат да ги видат игрите понудени во апликацијата „Нетфликс“, но ги преземаат како поединечни апликации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби