Компанија за видеоигри казнета со 520 милиони долари

Компанијата што ја создаде светски познатата видеоигра „Fortnite“, „Epic Games“ се согласи да ја плати спогодбата од 520 милиони долари по обвинувањата дека ги довела во заблуда играчите, вклучително и деца, наведувајќи ги на ненамерни купувања, притоа прекршувајќи ги законите за приватност на децата.



Спогодбата е поделена на два дела, 275 милиони долари ќе ѝ бидат исплатени на американската влада за подмирување на трошоците за тужбите. Оваа сума е најголемата во историјата исплатена поради кршење на правилата на Федералната трговска комисија (ФТЦ) на САД. А, други 245 милиони долари ќе ги покријат трошоците на корисниците.

– Како што беше забележано во нашите поплаки, „Epic Games“ користеле стандардни поставки за загрозување на приватноста и измамнички содржини кои ги измамија корисниците на „Fortnite“, вклучително и тинејџери и деца. Заштитата на јавноста, а особено децата, од навлегувања во приватноста на интернет и од темни обрасци е главен приоритет, изјави директорот на ФТЦ, Лина Кан.

„Fortnite“ е игра за бесплатно преземање на компјутер и конзоли, но таа е преполна со дополнителна платена содржина. Во тужбата, исто така, се наведува дека компанијата користела тн. „темни обрасци“ за да ги измами играчите да направат несакани купувања и оти неовластено дошла до одредени податоци за децата без никакво знаење на родителите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби