Нова теорија за идентитетот на Џек Мевосек

Правнука на британски истражител од 19 век тврди дека го идентификувала „Џек Мевосек“ - неславниот сериски убиец кој го тероризирал Лондон кон крајот на предминатиот век.



Според Сара Бакс Хортон, која е потомка на полицаец вклучен во истрагата, Џек Мевосек бил произведувачот на пури, Хајам Хајмс. Тој бил алкохоличар и боледувал од епилепсија. По повреда, состојбата му се влошила, па веќе не можел да работи и станал непресметлив. Според истражувачката, тој често ја тепал сопругата затоа што мислел дека го изневерува. Уапсен е откако со секира ги нападнал неа и мајка му. Хортон ја изложува својата теза во книга што ќе биде објавена во август вгодина, вели таа за „Сандеј телеграф“.

Сведоците тогаш го опишувале неидентификуваниот убиец како маж во неговите 30-ти, со искривена рака и свиткани колена. Медицинските досиеја укажуваат дека Хајам Хајмс, кој во 1888. имал 35 години, претрпел повреда што го спречила „да ја свитка или да ја исправи“ левата рака и дека имал проблеми со колената, а имал и тежок облик на епилепсија со чести напади.

Од август до ноември 1888 година, најмалку шест жени биле убиени во Лондон. Медицинските досиеја од неколку установи покажуваат дека влошената физичка и психичка состојба на Хајмс се совпаѓа со времето на убиствата, според Хортон.

Писателката заклучува дека здравствената состојба на Хајмс, влошена и од алкохолизам, го натерала да ги изврши убиствата. Злосторствата престанале кон крајот на 1888 година, токму приближно кога и полицијата го прогласила Хајмс за „луд скитник“, т.е. непресметлив. Следната година тој е затворен во прифатилиште за психично болни лица.

Познавачот на феноменот „Џек Мевосек“ - Пол Бег ја поддржува тезата, нарекувајќи ја „добро истражена“ и „добро напишана“.

Пред неколку години, истражувачот Расел Едвардс тврдеше дека Џек Мевосек е Арон Космински - еврејски имигрант од Полска, кој работел како бербер и се сметал за еден од главните осомничени. Неговата теорија заснована на ДНК е спорна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби