Обичниот сапун полезен за 8 вообичаени активности околу домот

Иако местото му е во бањата, сапунот не мора да се користи само за лична хигиена. Има и поширока примена во куќата и домаќинството. Следат осум примери за користење на обичниот тврд сапун со што се користи енергија, време и пари.

1. Спречува замаглување на огледалата и очилата



На чисто и целосно суво огледало, се втрива сапун преку стаклото. Не се додава вода, а трагите се отстрануваат со сува крпа. Следното туширање, нема да има замаглување. Ова важи и за очилата, и за вид и за сончање.

2. За полесно склопување на мебелот

Без оглед дали стручно или лаички се работи на полици за книги, навртувањето завртки во дрво може да биде тешко. И тоа се олеснува со премачкување на колчето на завртката со малку сапун.

3. Сапунот ги штити растенијата

За тоа, се закачува парче сапун на гранка, или пак, грубо се втрива во почвата, со помош на мрежа или стара крпа за да се одвратат штетниците.

4. Полесно шиење

Сапунот тука служи за да се обележат рабовите и линиите на шевовите. А пак, со ставање на иглата во сапунот, таа уште полесно ќе се лизга низ ткаенината.

5. Како домашно средство за перење

Сапунот е суштинска состојка на домашното средство за перење. Се додава малку сода за перење, боракс и сода-бикарбона. Ова значи и заштеда на пари.

6. Сапунот го олеснува чистењето на металните садови за готвење

Пред да се стави алуминиумското тавче на камперски оган на отворено, истријте го дното со влажен тврд сапун за полесно чистење на саѓите.

7. Заштитете го дрвениот мебел од домашни миленици

Ако во домот има куче кое џвака мебел, советот гласи - премачкајте ги ногалките и дрвените рабови на мебелот, со парче сапун за да се спречи оштетување.

8. Го отстранува чкрипењето

Сапунот е полезен и за шарките на вратите и шкафчињата кои чкрипат. Само треба да се втрие суво парче сапун кај местото што го испуша непријатниот звук. Тоа нанесување можеби ќе треба да се повторува, по потреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби