Подводна вулканска ерупција создаде нов остров во Јапонија

Светот доби нов остров, што се издигна јужно од Јапонија, во Тихиот Океан. Според Јапонската метеоролошка агенција (JMA), сѐ уште неименуваниот остров се создал од подводна вулканска ерупција.



Островот, се наведува, се наоѓа на околу 1.200 километри јужно од копното на Јапонија и еден километар од островот Иво Џима - можеби најпознат по битките во Втората светска војна, каде што загинале најмалку 7.000 американски војници и 22.000 Јапонци. JMA бележи вулканска активност во областа од лани, но Институтот за истражување на земјотреси при Универзитетот на Токио потврди дека ерупцијата што го создала новиот мал остров се случила на 30 октомври оваа 2023 година.

Сецуја Накада, почесен професор по Вулканологија на Универзитетот, за тамошните медиуми појасни дека магмата била одредено време под водата, пред копното конечно да се издигне на површината.

Излегувањето на островот над океанската површина, е документирано и од Националните поморски одбранбени сили на Јапонија, на 1 ноември. Снимките покажуваат мала ерупција што испушта темен облак од пепел над малиот остров, којшто сега е дел од низата острови Огасавара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби