Бизарна кражба на матични клетки во Германија

Бизарна и бесмислена кражба со потенцијално сериозни последици се случила пред два дена на главната железничка станица во Дуизбург, Германија, кога крадец грабнал кутија за испорака на дарувани матични клетки.

На посоченото место, Французин задолжен за преносот на матичните клетки бил ограбен од непознат маж, кој поминал крај него и наеднаш му ја грабнал кутијата-ладилник. Французинот веднаш ја пријавил кражбата во сојузната полициска станица во градот, па во потрагата се вклучиле и покраинската и сојузната германска полиција. Се анализирале и снимките од надзорните камери.

На крајот, речиси целосно празната кутија била пронајдена на источниот влез на станицата. Во неа останале две туби со крв, но сите ќеси со матични клетки биле одземени.

-Детективите го знаат човекот од претходни кражби и тој е успешно идентификуван. Иако го знаат неговото име, потрагата по осомничениот засега е неуспешна... Кражбата е целосно бесмислена бидејќи сторителот не може да направи ништо со матичните клетки. А, по кражбата е поведена кривична истрага, известија од полицијата.

Во повеќето случаи, пациентите кои страдаат од некој вид рак на крвта се лекуваат со терапија со матични клетки. За повеќето болни деца и возрасни, ваквото дарување клетки е последната надеж за закрепнување или за живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби