Цела библиотека на Дарвин оди на интернет

Личната обемна библиотека на влијателниот британски натуралист и биолог Чарлс Дарвин, првпат ќе биде целосно објавена на интернет. Научниците велат дека збирката книги, од коишто дел досега биле непознати и необјавени, укажува на необичниот обем на истражувањата на Дарвин. Каталогот од 300 страници подробно ќе ја претстави цела колекција што се состои од 7.400 наслови и 13.000 тома.



Претходните списоци вклучуваа само 15 отсто од библиотеката.

Во каталогот наречен „Целосно дело на Чарлс Дарвин онлајн“ се вклучени книги, памфлети и списанија за теми како што се биологија, геологија, филозофија, психологија, религија, уметност, историја и патувања. Повеќето од делата се на англиски јазик, но и германски, француски, италијански, шпански, холандски и дански јазик. Меѓу новооткриените дела е германско списание со првата позната фотографија од бактерија.

На проектот му беа потребни 18 години за да се заврши, а неговото објавување се совпаѓа со 215-годишнината од раѓањето на Дарвин. Го води д-р Џон ван Вај од Одделот за биолошки науки, при Националниот универзитет во Сингапур.

- Вакво подробно претставување на комплетната библиотека на Дарвин е без преседан и ни овозможува да го цениме, повеќе од кога било досега, фактот дека Дарвин не бил изолиран научник кој работел сам, туку исклучителен стручњак на своето време кој ги изградил своите дела врз софистицирана наука и проучувања и со знаењето на илјадници соработници. Навистина, големината и опсегот на делата на неговата библиотека укажуваат на извонредниот интерес и обемот на истражувањата на Дарвин и работата на другите, нагласи Ван Вај.

Проектот вклучува и виртуелна реконструкција на библиотеката со 9.300 линкови до примероци од делата коишто се достапни бесплатно. Дарвин починал во 1882 година, а пописот на неговиот дом забележал повеќе од 2.000 книги.

А пак, меѓу неговите лични белешки и тетратки, се наоѓаат и дневниците на неговата сопруга Ема Дарвин, книги подарени на „Ботаничкото училиште“ во Кембриџ во 1908 година и 30 тома од преписката на Дарвин - збирки писма што биологот ги разменувал со луѓе од цел свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби