Саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 утре ги отвора вратите за посетителите

Меѓународниот саем за енергетика и технологија - ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, во организација на Скопски Саем, утре (29.10.2024) во 10 часот ќе ги отвори вратите за посетителите во Арената „Борис Трајковски“ и ќе трае до 31 октомври.

Саемот е отворен секој ден од 10.00 до 18.00 часот. Станува збор за саем кој ќе ги претстави сите иновативни решенија и најновите технологии во областите кои вклучуваат одржливи навики, а сите заинтерсирани ќе имаат можност да се запознаат со најсовремените технологии и услуги кои најчесто користат обновливи извори на енергија.

Протоколарниот дел на отворањето ќе започне во 13 часот, кога свое обраќање ќе има г-дин Изет Меџити, Прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, а саемот официјално ќе го отвори г-ѓа Сања Божиновска, Министер за енергетика, рударство и минерални суровини,

ЕНЕРГО ТЕХНОМА оваа година ќе биде посветен на зелени решенија и иновативни технологии, со цел да ги истакне најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици. За време на трите дена од саемот, ќе се претстават повеќе од 30 водечки компании од Македонија и од регионот, кои ќе ги претстават своите најсовремени производи, технологии и услуги, фокусирани на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, автоматизација и модерни технолошки процеси.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 претставува и уникатна можност за деловна посета на компаниите од овие индустрии и размена на идеи и контакти меѓу професионалците, како и проширување на бизнис мрежите во насока на дефинирање на идните технолошки насоки за обликување на индустриите во иднина и придонес кон подобра енергетска иднина. Од друга страна, посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите енергетски технологии, машини и индустриски опрема и да проследат презентации, програма на изложувачите, трибини и панел дискусии со експерти од областа за актуелните трендови во енергетската индустрија, одржливите извори на енергија и иновациите во производството.

Целосната агенда за годинашниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА може да се погледне на следниот ЛИНК.

Работно време на саемот е од 10.00 до 18.00 часот, во трите дена на саемот од 29ти до 31ви октомври, во Арена Борис Трајковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби