Стенд-ап дуел на годината: Марјан Георгиевски против Бојан Велевски на 14 февруари во МНТ

На 14 февруари, Македонскиот народен театар ќе биде домаќин на единствениот стенд-ап спектакл што ветува смеење до солзи! Две тотално спротивни енергии, симболично претставени преку вечната битка помеѓу љубовта и виното, ќе се судрат на сцената во МНТ - „Трифун vs. Валентајн“, каде што познатите комичари Марјан Георгиевски и Бојан Велевски ќе ги одмеруваат своите хумористични сили.



Дали сте тим љубов или пак тим вино? Без разлика кој празник го славите, вечерта на 14 февруари е резервирана за забава, сарказам и урнебесна комедија. Марјан Георгиевски, како вистински застапник на „македонската реалност“, ќе се појави во улогата на Трифун, нудејќи бескомпромисен хумор инспириран од македонското секојдневие, љубовта кон виното и традицијата. Од другата страна, шармантниот и духовит Бојан Велевски ќе го претстави ликот на Валентајн, кој ќе ги брани љубовните идеали со доза на иронија, романтика и духовити совети за врски.

„Целта ни е публиката да се препознае во нашите настапи и да ужива во контрастот меѓу традицијата и модерните сфаќања за љубовта“, велат комичарите, најавувајќи незаборавна вечер исполнета со многу смеа и забава.

Двајца комичари. Две спротивставени идеологии и само еден победник – ПУБЛИКАТА!

Секогаш постои дилема: дали 14 февруари е ден за прославување на љубовта, или ден за наздравување со чаша црвено вино во рака? Без разлика на одговорот, едно е сигурно – вечерта ќе биде исполнета со многу смеа, позитивна енергија и незаборавни моменти.

Интересот е огромен, а местата се ограничени – затоа не чекајте до последен момент! Ова е шанса да ја прославите љубовта (или виното) на сосема поинаков начин!

Ако сакате да бидете дел од најсмешната стенд-ап ноќ во Македонија веднаш обезбедете ја вашата влезница преку продажната мрежа на www.kupikarta, Розе Веро 2 и Јк травел во Бисер.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5638



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби