Невина на 39-година и уште го чека вистинскиот

Невиноста е табу тема во сите кругови. Додека сме тинејџери родителите не учат дека треба да се чуваме за вистинскиот/вистинската, но после 20-та година се смета дека е неприродно и непожелно да се биде невин. Сепак, ваквиот поглед кон девственоста не и пречи и не ја плаши на Шарлот Брд.

Британката, која во мај годинава ќе наполни 40 години, се нема ниту бакнато, а не па да легне со маж. Кога имала 11 години одлучила дека првиот маж со кого ќе легне ќе биде „Вистинскиот“, кој сè уште не го сретнала.

- Знам дека многумина ќе се шокираат што на моја возраст сè уште не сум спиела со маж, но воопшто не жалам за својата одлука. Целибатот ми дава чувство на сигурност и контрола врз сопствениот живот. Токму затоа одлучив отворено и искрено да проговорам за својата одлука. Немам проблем со целибатот, затоа што никогаш не сум имала секс, вели девицата.

Британската Шарлот, која работи како театарски менаџер, не води осамен живот, опкружена со мачки. Таа сака да патува, има богат социјален живот и поседува црн појас во боречки вештини. Таа смета дека тоа што е концентрирана на себе си ќе и помогне да направи подобра врска со вистинскиот маж, кој еден ден ќе го сретне.

- Си го сакам сопствениот живот, а тоа што не сум го „направила тоа“ не ме прави чудак. Среќна сум затоа што знам дека еден ден ќе имам прекрасна врска со мажот кој ќе го сакам. Целибатот не е демоде. Интернет форумите се преполни со жени кои одлучиле да немаат секс додека не го сретнат „Вистинскиот“. Тие не сакаат да му се дадат на било кого. Жал ми е за младите луѓе гои сметаат дека мора да направат нешто само затоа што средината го прави истото. Мислам дека нив им треба некој кој ќе ги посоветува за моралните вредности и да им укаже дека имаат право на избор. Некои со часови чекаат да им се јави дечкото, а некои пак сметаат дека ако легнат со него, тој повеќе ќе ги сака. Знам многу девојки кои останале со скршени срца само затоа што му се дале на маж кој не ги ценел, вели Британската.

Шарлот ретко оди на љубовни состаноци, последниот и бил пред две години, а пред тоа имала осумгодишна пауза.

- Не ја кријам својата одлука да бидам невина. Некои мажи веднаш бегаат, но други на тоа гледаат како на предизвик.

Родителите на Шарлот, Џон (80) и Розмери (72) имаат уште две деца, син и ќерка.

- Татко ми никогаш ме нема прашано за мојот љубовен и сексуален живот. Веројатно му е непријатно бидејќи е маж. Мајка ми е збунета. Таа е загрижена за мене затоа што сака да бидам среќна. Моето семејство е свесно дека немам проблеми со невиноста. Кума сум на четири деца, а ги обожавам и децата на сестра ми, но не би сакала да имам свое дете.

Моите пријатели знаат за мојата одлука. Некои од нив знаат да ми постават прашање на ова тема, но мене тоа не ми пречи и немам проблем да им одговорам, вели Шарлот.

Британката исто така е дел од група која го промовира целибатот.

- Некои го прават тоа од религиозни причини, но многумина се одлучуваат за такво нешто затоа што не сакаат да им го скршат срцето или пак лесно да се дадат. Некои сметаат дека се кријам зад целибатот бидејќи се плашам од љубовната болка, но не е така. Сметам дека тоа е исправно.

Иако ужива во својата независност, Шарлот сепак размислува да се зачлени на сајт кој промовира целибат љубовни врски.

- Сигурно ќе биде прекрасно да се сретне Вистинскиот, но не ми се брза. Мојот вистински маж мора да е висок, да сака животни, да биде млад во срцето, но и да биде многу одговорен. Би било добро ако и тој е невин, за заедно да ги направиме првите чекори. Сепак тоа е помалку веројатно, затоа што ретки се мажите кои се во целибат. Мислам дека веднаш ќе го препознаат „вистинскиот“, а до тогаш сум спремна да чекам, вели Шарлот Брд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој лекар работел во мртовечница и вршел преглед на телата пред да бидат погребани или кремирани. Една вечер пред да си оди дома почнал да го прегледува телото на некој си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.
Православната црква во 11-от век, во чест на...
1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола...
1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби