48 часа во Братислава

Главниот град на Словачка го има сè она што очекувате да има еден град во средна Европа. Амбициозните ресторани и светски познатите вина ја пополнуваат така совршената слика на средновековниот град. Но, ако имате на располагање само 48 часа во Братислава, што може да направите?



Пред сè, сместувањето во овој град може секој да си го дозволи, затоа што е евтино и квалитетно. Во овој град, цените не се преголеми, а ретко во кој хотел треба да го платите користењето на интернетот.

За да го почувствувате вистинскиот ритам на Братислава, најдобро е при првата прошетка да се упатите кон Дунав, кој претставува вистинска животна сила на градот. Околу него се наоѓаат сите релевантни знаменитости, а тече низ самиот центар на градот.



Кога ќе огладните од шетањето, ресторани има на секој чекор. Гастрономската сцена во Братислава е многу жива и интересна, а кујната изобилува со локална храна и специјалитети од разни краеви на светот.

По истражувањето на центарот на градот препорачуваме возење со туристичките автобуси кои ќе ве прошетаат низ целиот град и ќе ве запознаат со многу туристички атракции. Посетете го дворецот, кој се наоѓа на 10 минути од центарот. Пред дворецот има врата на победата, која сведочи за времињата кога Братислава била под опсада, а потоа посетете ги просториите достапни за јавноста, бидејќи останатиот дел се на државниот парламент.



Исто така, може да посетите и некои од многуте музеи и галерии, меѓу кои најважни се Словачкиот национален музеј и Музејот на градската историја во кои се наоѓаат експонати кои сведочат за бурната историја на оваа земја.



Откако ќе ги посетите оние работи кои ве интересираат, седнете си во некој бар, порачајте традиционално словенечко пиво и поразговарајте со мештаните, за да ги дознаете нивните традиции и култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби