Најшармантното место во Европа

Салцбург е многу повеќе од роден град на големиот Моцарт. Полн е со величествени архитектури, романтични кафе-барови, кули и цркви кои го привлекуваат сечиј поглед, но исто така е и модерен град со многу места за добар шопинг, храна и сместување.



Во 1997 година, градот се најде на листата на светско наследство од УНЕСКО. Салцбург е комбинација од ниски улици, кои се украсени со куќи обоени во ванила нијанса, со елегантни продавници и ресторани, кои го прават идеална дестинација за опуштен градски одмор во кое било време.

Што да посетите?



Тврдината Hohensalzburg од 11 век, некогаш била дом на салцбуршкиот принц. Овој моќен, средновековен дворец е најголема тврдина во Европа, која никогаш не била освоена. Можете со жичара да се искачете до врвот кој нуди величествен поглед на градот и реката Салзак, која го дели градот на два дела. Кога веќе сте горе, одделите неколку евра и тргнете на водена турнеја во која водичот ќе ви ја раскаже историјата за тврдината. Цената по лице е 10.50 евра за возрасни и 5.50 евра за деца.

Фамилијата Моцарт цели 26 години живеела на улица Getreidegasse 9, а тоа е куќата во која е роден славниот композитор. Неговиот дом денес е музеј во кој посетителите може да ги разгледаат неговите виолина, клавир, но и писмата кои Моцарт ги пишувал на неговото семејство. Влезот чини 7 евра за возрасни и 2.5 евра за деца.



Палатата Hellbrunn е ремек дело на архитектите, а се наоѓа малку појужно од градот во кој може да ги видите прекрасните фонтани, минијатурните механички театри со 141 фигура и музејот на фолклор. Љубителите на филмот „The Sound of Music“ мора да знаат дека тоа е палата во која Лиесл и Франц прв пат се сретнале. Влезот за возрасни е 8.50 евра, а за деца 3.80 евра.

Каде да јадете?

Посетете го Sternbrau кој се наоѓа на улица Griesgasse 23-25. Овој ресторан е сместен во голема стара зграда која датира од 13 век. Кога времето е сончево седнете на терасите и во пивската градина уживајте во ручекот. Секако треба да го пробате традиционалниот говедски гулаш со крем сос, кнедли од леб и салата по цена од 11.50 евра или земете мешана даска со месо за 6.20 евра. Љубителите на риби треба да ја пробаат пастрмката во сос од рузмарин.



За вечера посетете го ресторанот Dollerer кој се наоѓа на неколку минути возење надвор од Салцбург во селото Голинг. Овој ресторан е толку добар што има и своја Мишелин ѕвезда, а послужува австриска, француска и италијанска храна. Ресторанот е фамилијарен во кој работат неколку генерации на иста фамилија и во кој ќе ја вкусите највкусната храна.

Совет за крај

Салцбург е град кој годишно организира над 400 културни настани, така да својата посета испланирајте ја според некои од нив, во зависност од она што вас ве интересира. Идеална прилика е светски познатиот Advent, кој наскоро почнува, каде што ќе го видете божиќното дрво на градот, божиќниот саем, мирисот на вино и печени колбаси, шарените ламби и секако неодоливите Моцарт чоколада!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби