ЛЕТАЊЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ НЕПРИЈАТНО ИСКУСТВО

Стјуардесите ги откриваат најчудните работи кои ги прават патниците

Летањето може да биде многу непријатно искуство за повеќето патници, но изгледа дека ни на стјуардесите не им е лесно да ги слушаат сите барања на патниците, а во исто време да останат насмеани и смирени. Неколку стјуардеси откриваат какви работи виделе на летовите и колку луѓето се пребирливи.



Моторите се многу гласни

Според тврдењата на една стјуардеса, некој патник се жалел дека моторот бил многу бучен. Таа им го кажала тоа на пилотите, за во случај ако може нешто да се направи да не се слушаат толку многу, а главниот пилот и одговорил „Добро е што работат, да се молиме да не престанат“.

Приготвување храна во тоалетот



Еден патник всушност ја искористил водата од тоалетот за да си направи инстант супа. Но, за жал цевките преку кои доаѓа водата никогаш не биле исчистени.

Некултурно однесување

Изгледа дека некои патници обожаваат да го поминуваат времето во авион правејќи работи, кои обично се прават дома, како на пример средување нокти со турпија, чистење на усната и носната шуплина.



Еден патник дури си го исекнал носот во хартиена салфета и истата и ја подал на стјуардесата која во моментот не носела ракавици. Друга патник пак ја повикал да и ја крене шолјата со чај, но да ја почека да си ги исчисти паднатите влакна од коста  кои и се залепиле  на блузата и истите ги фрлила во шолјата.




Третирањето на авионот како депонија


На Facebook и Instagram постојат профили Passenger Shaming, на кои се објавуваат одредени фотографии со она што го оставиле патниците зад себе. На сликите преовладува расфрлена храна, весници, ханзапласт и разни други дреболии, кои пожелно би било да се средат пред да го напуштите вашето место во авионот.

Стапала насекаде

Кога сте „заглавиле“ во едно место со часови, последно нешто што го сакате е „расфрлени“ стапала насекаде околу вас. Но, сепак тоа се уште го прават некои патници. Секако дека сакате да се истегнете, но сето тоа треба да се направи во граници на нормалата.

#SUNDAYFUNDAY! 👣✈️ #flyingfeet #passengershaming #crewlife #sassystew #cabincrew #aviation #avgeek #travel

A photo posted by Passenger Shaming (@passengershaming) on





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби