HARMONY OF THE SEAS

Најголемиот брод на светот наскоро ќе заплови по Медитеранот

Harmony of the Seas, најголемиот брод кој се градеше цели три години конечно заплови од пристаништето во Франција со 500 членови на екипажот со цел да се испроба неговата работа. Градењето на овој брод чини 1.1 милијарди долари.

Имено тој е подолг од Ајфеловата кула за 50 метри, додека од Титаник за цели 100 метри. До недела, бродот ќе кружи низ водите во Франција, со цел да се тестира моторот на бродот. Сопственици на бродот се Royal Caribbean International, кои исто така ги поседуваат и претходните два најголеми бродови во светот, Allure of the Seas и Oasis of the Seas.



За пловењето симултано тренираа тројца морнари во текот на целата година, со цел да му помогнат на капетанот на бродот. Harmony of the Seas има капацитет да смести 6.000 гости. Иако уште не е дозволено да се плови со него, со месеци им беше дозволено на секој што сака да го посети бродот и да го ѕирне луксузниот ентериер, кој има дури 18 палуби.

Во огромниот брод, гостите може да се забавуваат во ексклузивни салони, соби и апартмани, но и во огромните водени паркови кои нудат лудории за сечиј вкус. Исто така може да го посетат огромниот театар, спортските терени, зоната за млади, базените, салата за вежбање и спа центарот.



Следниот пробен период ќе се одвива при крајот на април, додека резултатите за тоа дали бродот е доволно добар ќе се објават на 12 мај. Кога ќе биде целосно подготвен, бродот ќе заплови со 2000 членови на екипажот и со доволен број на гости низ водите на Медитеранот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби