Најдобрите бесплатни работи во најголемите европски градови

Не мора да го посетите музејот Лувр или да го разгледате Колосеумот за да кажете дека сте поминале добро на патувањето. Постојат многу други знаменитости кои може да ги посетите бесплатно, а притоа да уживате. Но, пред да тргнете, треба да знаете кои се тие.

Атина – брдо Филопапоу



Акропол навистина е неверојатен, но при посетата ќе се соочите со два проблеми: Во лето картата чини 20 евра, а откако ќе влезете ќе видите мноштво луѓе кои прават селфи фотографии што ќе зажалите што воопшто сте влегле. Наместо тоа, посетете го брдото Филопапоу и уживајте во панорамскиот поглед.

Амстердам – бесплатни концерти

Главниот град на Холандија ви нуди многу бесплатни настапи на оркестар за ручек време во вторник и среда, а секогаш може да отидете на концерт во салата Muziekgebouw каде што може да уживате во изведби на студенти.

Лондон – прошетка во галеријата Тате



Овде ве чекаат Турнер, Полок и останатите мајстори. Одлична работа е што англиските музеи во главно се бесплатни, а во модерната галерија Тате ќе имате и бесплатна прошетка со водич.

Барселона – одете на плажа

Во каталонската престолнина најдобрите работи се бесплатни, а тоа се песочни плажи и сонце. На располагање ви се разни плажи, од оние на кои ќе се релаксирате до оние кои нудат луда забава.

Единбург – Free Fringe Festival



Секоја година главниот град на Шкотска приредува Free Fringe фестивал кој нуди музика во живо, стенд ап комичари и театарски претстави. И сето тоа бесплатно! Оваа година, фестивалот ќе се одржи во август.

Мадрид – музеј Прадо

Еден од најпознатите музеи на светот вреди да се посети и навечер, кога не се плаќаат влезници. Овде ќе ја пронајдете една од најдобрите колекции на европските уметници, вклучувајќи слики и скулптури кои потекнуваат од 12 век.

Минхен – Англиската градина



Овој парк е поголем и од Централ Парк во Њујорк, па така може само да замислите што сè може да разгледате овде. Лежите, седите, возите велосипед, пливајте – едноставно вистинско уживање.

Париз – гробот на Пер Лачес

Не сите сакаат да посетуваат гробови, но овој гроб се смета како дел од културата на Париз. Овде може да ги посетите и гробиштата на Морисон, Вајлд и на уште 700 други луѓе, кои претставуваат вистински уметнички дела.

Рим – Пантеон



Тешко е да поверувате дека влезот во славниот римски храм е бесплатен, но навистина е. Потрудете се да го посетите што порано, кога нема толку многу гужва и почувствувајте ја моќта на храмот стар 2000 години.

Софија – Катедралата на Александар Невски

Една од најубавите, но и не толку експонираната европски цркви. Се работи за најголемата православна црква на светот, која ќе ве воодушеви и однатре и однадвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби