Места каде што не смеат да стапнат жени

Света Гора, односно Атос, е грчки полуостров со површина од 390km2 и е најголем регион во светот на кој не смеат да стапнат жени, дури ни животни од женски пол. Забраната е воведена уште од среден век. Сепак, во 2008 година влегле околу 500 демонстранти меѓу кои и жени. Тие протестирале бидејќи сметаат дека манастирите ги присвојуваат јавните површини. Полицијата тогаш соопштила дека против шест жени кои влегле во Света Гора ќе се покрене судска постапка.



Според грчките прописи, жените кои ќе влезат на тој простор може да добијат казна затвор од два до 12 месеци. Феминистичките групи барале укинување на овој закон, а истото и од Грција го барал и Европскиот парламент во 2002 и 2003 година, но без успех.

Ако некој сака да ја посети планината Атос, мора прво да прати копија од пасошот во канцеларијата за верниците, која дозволува влегување на најмногу стотина православни и десет неправославни посетители. Тие може да останат на полуостровот најмногу три ноќи. Жените пак може да останат на најблиското пристаниште. Света Гора се смета за еден голем манастир и наједноставен начин да се зачува целибатот е да им се забрани пристап на жените.

Но, постои и уште една причина која е поврзана со православната традиција. Едно од верувањата вели дека Девица Марија на патот кон Кипар била носена од ветрот кој ја насочил кон Света Гора. Местото толку многу и се допаднало па го молела својот Син да го претвори во нејзина градина. Тогаш се слушнал глас: Нека ова место биде твое наследство и твоја градина, рај и небо за спас на оние кои барат да бидат спасени. Од тој момент, планината е посветена како градина на Мајка Божја во кој не е дозволен пристап на други жени. Единствена припадничка од женски род е мачката, која ја чуваат од практични причини, да ги лови глувците кои ги крадат јајцата на кокошките.



Ова не е единствено место каде што жените не можат да стапнат. Постои и еден храм во Индија, Сабаримал, каде што жените не смеат да влезат веќе 400 години. Во последно време во судниците во Индија се водат постапки со кои се бара укинување на законот. Во храмот не смеат да влезат жени помеѓу 10 и 50 години, односно во период на менструалниот циклус.



Жени не смеат да се искачуваат и на планината Омиен во Јапонија, која е под заштита на УНЕСКО. Поточно може да се движат по некои планинарски патеки, но забрането им е да се искачуваат и да влезат во храмот на врвот на планината. Се работи за застарено верување според кој жените по својата заводничка природа може да го одвлече мажот од нивните задачи. Иако жените денес тешко некој би ги спречил да влезат во храмот, локалните жители не им препорачуваат на женските туристи да ја „поминат таа граница“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби