Најубавите европски острови

Летото веќе ни започна, па во самиот шпиц на сезоната на годишни одмори, порталот Business Insider состави листа од 17 европски острови. Можеби не сте слушнале за овие острови, но дефинитивно го заслужуваат вашето внимание. Погледнете кои се тие:

Јуист, Германија



Јуис е еден од седумте ненаселени острови во Ваденското море. Остров го добило името „магична земја“ токму поради километрите недопрена плажа. Иако морето е поладно за капење, островот е прекрасен за шетање и уживање во прекрасната природа.

Форментера, Шпанија



Ако Ибица е постариот брат кој приредува луди забави, Форментера е опуштената помлада сестра. Двата острови се меѓусебно оддалечени само еден час возење со траект, но нудат целосно различна атмосфера. Може да уживате во недопрената природа, тиркизното море и лековитата кал.

Сардинија, Италија



Веднаш под Корзика, Сардинија ви го нуди најдобриот микс на италијанската храна и култура.

Колонсеј, Шкотска



Ако барате мир и самотија, островот Колонсеј во Шкотска е вистинското место за вас. Слушајте ги брановите како се кршат од карпите, шетајте по долгите песочни плажи или планинарете по врвовите.

Сарема, Естонија



Најголемиот Естонски остров ги враќа посетителите назад во времето на Викинзите и гусарите кои овој остров некогаш го нарекувале дом.

Хидра, Грција



Иако не е многу оддалечена од Атина, Хидра изгледа како некој сосема друг свет. Автомобилите и моторите се забранети, па багажот ви го носат магариња.

Мљет, Хрватска



Со повеќе од 1.000 жители, заспаниот остров Мљет е место кое нуди мир и спокој. Дури 90% од островот е прекриен со шуми, а големиот национален парк нуди можност за шетање преку прекрасната природа.

Грациоза, Канарски Острови



На овој остров се наоѓа само една мала рибарска населба со бели куќички и долги песочни плажи.

Микенес, Фарски острови



Ова е вистинското место ако сакате да избегате од сè. Шарените куќички и драматичните карпи го прават островот мошне посебен.

Фајал, Португалија



Островот има вулканско потекло и исполнет е со брда и кратери, а идеален е за планинарење, велосипедизам и возење кајак.

Гозо, Малта



Гозо е исполнет со древни храмови и прекрасни места за нуркање, па е одличен за оние кои се заљубени во мистичноста.

Траена, Норвешка



Траена е еден од илјадниците норвешки острови исполнет со прекрасни пештери и карпи.

Бел ил ен Мер, Франција



Името на островот буквално значи „прекрасен остров на море“. Познат е по куќите во пастелни бои и по плажите кои ги има 60 на број.

Алдернеј, Британија



На само 40км од британското копно, овој остров овозможува помалку и француско доживување. Може да уживате во зелените ридови, драматичните карпи и шармантните гратчиња.

Вис, Хрватска



Овој е најоддалечениот остров од хрватските острови и познат е по своето вино, свежата риба и морските плодови. Изгледот потсетува на сцени од некои стари Џејмс Бонд филмови.

Стромболи, Италија



Ова е дом на најголемиот број активни вулкани на земјата, кои постојано еруптираат. Но, нема причина за грижа, бидејќи ерупциите не се големи ниту опасни. Вулканите исто така се задолжени и за прекрасните плажи со црн песок.

Инишморе, Ирска



Убавината на овој остров лежи во неговите клисури и недопрена природа. Може да се качете на пони и да ги посетите полињата со лалиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби