Незаборавно искуство: Спиење на -40° и дружење со пингвини

Антарктикот е место каде што одат само оние кои уживаат да поминуваат време на ниски температури. Токму таму има еден камп, White Desert Antarctica каде што седум ноќевања во шатор на многу ниски температури чинат 64.000 долари.



Во цената е вклучен и лет со авион од Кејп Таун во Јужна Африка, кој трае пет и пол часа, ноќевање во шатор и храна. Патувањето може да се направи само во ноември и декември, бидејќи тогаш е најтопло на Антарктикот, просечната температура е -36°С, а се спушта и до -40°.

Кампот се состои од шест шатори во кои отседнуваат по двајца. Во секој шатор има греење, спална соба, купатило и кујна. Два посебни шатори се уредени во дневна соба и трпезарија каде што може да се дружат гостите.



Гостите во текот на денот може да ја истражуваат околината, да се искачуваат по ледените карпи, да поминуваат под ледените тунели и да уживаат во разни активности. Но, најголема атракција е дружењето со колонијата од околу 6.000 пингвини, кои толку се навикнале на луѓето, што е доволно за незаборавна селфи фотографија!



Сопствениците на кампот дошле до оваа идеја откако биле на авантура на тоа место на Антарктикот во 2006 година. Тогаш четири дена во мал шатор чекале да помине невремето. Резервите храна биле мали и не им било сеедно. Разговарале за тоа зошто таква авантура да е резервирана само за научниците, кога во тоа може да ужива и просечен човек. Доволно е само да ги сакате овие временски услови. А, да и треба да имате длабок џеб!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби