УМНО РЕЗЕРВИРАЈТЕ

Како да си дозволите повеќе патувања?

Патувањата се прекрасен начин за откривање на нови градови, простори и „полнење на батериите“ од стресот во нашето секојдневие.



Мал дел од нас можат да си дозволат одмор и рекреација преку патување во странство, а уште помалку можат да си дозволат да патуваат повеќе пати во годината.

Но, како да успеете да патувате повеќе, а вашиот паричник да не ги почувствува последиците?

Направете финансиски план



Ако патувањето ви е еден од приоритетите, тогаш погрижете се и вашите финансии да се отсликуваат во тие приоритети. Еден од советите кои експертите и лицата што навистина многу патуваат, е да скратите на трошоците од другите аспекти во вашиот живот. Ако навистина не ви е потребен најновиот iPhone, тогаш дел од парите издвојте ги на страна за патување. Исто така ако не ви е потребна скапа брендирана облека, обидете се да купувате во бутиците со поефтина облека. Јадењето во ресторани е навистина скапо, а исто така и јадењето на готова храна. Затоа обидете се само еднаш или два пати во неделата да јадете надвор. Во остатокот од неделата подготвувајте си оброци дома. Ќе заштедите и ќе внимавате на линијата во исто време.

Отворете си штедна сметка



Ако не сте во можност да штедите сами, препуштете и го тоа на банката. Отворете штедна сметка и таму одвојувајте сума од месечната плата која знаете дека ќе биде за патување.

Умно резервирајте пред да заминете на патување



Резервациите за сместување се екстремно важни, но мора да внимавате. Ако немате деца обидете се да престојувате во хостел на вашето следно патување. Тие не се само за студенти, а постојат голем број на одлични и евтини хостели во кои ќе можете да престојувате. А ако веќе преферирате хотели, одберете хотели кои имаат и базен. Така ќе заштедите многу пари, особено ако имате деца. Базенот за нив ќе биде одлична забава, а и вие ќе имате можност повеќе да внимавате на нив. Исто така нема да потрошите еден куп пари на сувенири, играчки и други активности.

Одберете аранжман со полу-пансион



Ако веќе правите аранжман, направете го да биде со полу-пансион. Нема потреба да инвестирате во полн пансион особено ако не планирате да го искористите. Добро е да биде вклучен појадокот, но ако го поминете цел дел во разгледување, сончање или истражување на местото во кое што сте пристигнале, едноставно нема да имате време за јадење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби