Начини да се заштитите во најевтиното сместување

Сакате да одите на патување, но не можете да си дозволите хотел. Размислете за опцијата хостел, кој е многу евтино, но и интересно сместување со оглед на тоа дека ќе имате можност да запознаете многу луѓе. Во хостелите делите соба и купатило со останатите гости, па добро е да внимавате на одредени работи.

Слушалки или тампони за уши



Кога ја делите собата со уште 4, 6 или 10 други луѓе, следуваат низа ситуации. Од пискање, трескање на врата, па сè до рчење, како да се наоѓате на сред филхармонија. Сето ова е нормално, бидејќи сепак сте опкружени со луѓе кои ги немаат истите навики како вашите. Меѓутоа, без разлика дали сте лесни на сон или не, подобро е да си земете слушалки или тампони за уши со цел да се заштитите од несаканата врева.

Маска за очи

Не, не мислиме на ноќен крем или шминка, туку на онаа маска која ја ставате на очи со цел светлината да не допира до вас и полесно да заспиете. Не знаете кој кревет ќе биде слободен, можеби баш оној на кој најмногу паѓа светлината, па кога ќе сакате да се одморите нема да можете.

Влечки за туширање

Влечките не се само за надвор, туку добро е да ги искористите и во хостелот. Со оглед на тоа дека го делите тушот со други луѓе, може да останат некои телесни остатоци од нив. За да сте сигурни дека стоите на чиста површина, облечете си ги влечките и туширајте се со нив, а со истите и ќе излезете и ќе се упатите до гардероберот.

Свој простор за храна



Добра работа во хостелот е тоа што може да си подготвувате сами храна. Тоа значи дека ќе заштедите пари, ќе се вклучите во групно готвење и ќе експериментирате со тамошните намирници. Може да ги ставите вашите продукти во кеси кои сте ги обележале, со цел да не ви замирисаат од храната на другите гости.

Прочитајте ги критиките

Кога ќе го букирате хостелот, прво прочитајте ги критиките. Искуствата на другите може да ви помогнат во изборот. Вистина е дека сликата зборува повеќе од илјада зборови, но тие може да изгледаат неодоливо, а кога ќе пристигнете таму да сте запрепастени од глетката. Пребарајте го хостелот на интернет, добро информирајте се за локацијата, јавниот превоз и останатите сервиси.

Понесете свој катанец

Не нудат сите хостели можност за заклучување на вашите работи. А и доколку нудат, бидете сигурни дека тоа ќе ви го наплатат. Во повеќето случаи ќе добиете орманче за работите кои ви се повредни, а ако носите катанец тогаш орманчето ќе можете да си го заклучите и така ќе бидете сигурни дека никој нема да ви украде нешто вредно.

Земете си своја шолја за кафе или чај



Приборот во хостелот го користеле илјадници гости! Ништо нема да биде чудно ако си понесете своја шолја, лажичка, нож, па дури и чинија во која ќе си јадете и пиете. Барем ќе знаете дека се ваши и дека само вие си ги користите.

Опуштете се и запознавајте луѓе

Хостелите се места на кои ќе запознаете најразлични луѓе од целиот свет. Немојте да се изолирате, туку искористете ја приликата да се запознаете со нив и да стекнете нови пријателства. Ќе дојдете во ситуација да ги негувате пријателствата подолго време, а ќе може и да посетите повеќе земји, со оглед на потеклото на вашите пријатели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби