Најромантичните места на светот

Ако наскоро планирате да организирате романтично патување ви нудиме неколку места во светот кои се опишани како најромантични од корисниците на Booking.com.

Ова се идеалните места на кои можете да го поминете вашиот меден месец или пак да прославите годишнина и да уживате со својот сакан, односно сакана.

Па, да започнеме:

1. Колиур, Франција

Совршена замена за Париз, кој со гордост ја носи титулата најромантичниот град во светот. Ако не сакате гужва тогаш спуштете се на југ и доживејте го во целост Азурниот брег.

Запознајте се со лозјата чие вино ќе го пиете на залезот на сонцето, истражете ги замоците, црквите, уживајте во историјата и не заборавајте да ги посетите локалните пазари кои служат исклучиво свежи производи.

2. Требон, Чешка

Требон е идеално решение ако сте љубители на класичната средновековна архитектура, а Виена и Будимпешта веќе ги имате посетено.

Комбинацијата на барок и ренесанса ќе направат да се чувствувате како да сте излезени од бајка.

3. Палм Ков, Австралија

За сите оние кои ги сакаат далечните патувања, Австралија во последно време е многу популарна дестинација. Но, зошто токму Палм Ков?

Тоа е единствено место кое е најслично со Големиот корален гребен.

Тиркизно синото море и бисерно белите плажи ќе ве освојат, а ако сакате може да побегнете на некоја од многуте скриени плажи.

4. Делфт, Холандија

Не е Холандија само Амстердам. Запознајте го шармантното гратче Делфт во чија архитектура и шарм ќе се вљубите на прв поглед.

Родниот град на најпознатиот холандски сликар Јоханес Вермер е препознатлив по своите тесни канали покриени во есен со жолти листови. Плус ова гратче има многу мостови кои се идеални за романтичен бакнеж.

5. Монсараз, Португалија



Можеби куќите искречени во бело на прв поглед ќе ве излажат, па ќе помислите дека сте на Санторини во Грција. Но, не е така.

Ова е место каде ќе можете да ја доживеете вистинската Португалија.

Ќе имате можност да ја запознаете локалната кујна во малите ресторани и да уживате во португалското вино кое е заштитен знак во оваа област.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби