Измами при патување соло и како да се заштитите од нив

Патувањето соло во странски земји претставува авантура но доаѓа и со одредени ризици, бидејќи често пати токму оние кои патуваат без придружба се жртви на кражби и разни измами. Бидејќи тие функционираат помалку или повеќе идентично било каде во светот да се наоѓате, еве кои се најзастапените и како да се заштитите од нив.

1) Судирање и земање

Доколку забележите поголема група на луѓе околу некој пазар или туристичко обележје, дополнително внимавајте на вашите џебови, ранец, или чанта. Ваквите места се вообичаени за крадци кои ја користат гужвата „случајно“ да се удрат во вас, притоа земајќи ви ги работите од џебовите, или пак целите ранци или чанти. Поради гужвата, ќе биде тешко да забележите кој го направил тоа, и уште потешко да го побарате и идентификувате. За да го спречите ова, држете ги парите, картичките и важните документи во безбеден џеб со патент и постојано имајте ја раката врз товарот што го носите.

2) Измами со бакомати

Секогаш користете ги банкоматите кои се наоѓаат вo или надвор од самите банки, бидејќи околу нив постојано има камери кои ги одбиваат крадците кои инаку лесно би ве „начекале“ после вадењето на парите. Исто така внимавајте доколку забележите чуден/дополнителен дел на банкоматот, особено таму каде што се внесува картичката, како и врз тастатурата за внесување на пинот – тоа значи дека некој можеби има вградено уред со кој што ќе ви ги сними податоците од картичката (сосе пинот), и потоа ќе може да ја ископира и да ја користи.

3) Измама од шофери

Овие измами се чести – шоферите на таксија или на специјализирани возила специфични за одредени земји, ја одбираат подолгата рута под оправдание дека ја избегнуваат гужвата, а во реалноста тоа го прават за да ви „откуцаат“ што поголема сметка. За жал, доколку прват се наоѓате во тој град/земја, тешко ќе процените дали рутата е вистинската или не. Ова најдобро се избегнува со преговарање на цената на возењето пред да влезете во возилото, или доколку тоа не е можно, инсистирајте на користење на таксиметарот. Најдобро е претходно самите да ја разгледате рутата на вашиот смартфон, што во денешно време со GPS и мапите е исклучително лесно.

4) Измама со тури

Никогаш не заштедувајте со тоа што ќе најмите некој „од улица“ да ви биде водич, или пак од такви луѓе да купувате билети за било што – може да завршите со фалсификувани билети и без превоз/водич – што значи и без пари. Секогаш тоа правете го во акредитирани продавници (за билети), или туристички агенции (за водичи).

5) Измама при менување на пари

Секогаш, ама баш секогаш пред да одите во друга земја, проверете го менувачкиот курс и секогаш менувајте ги парите во локалните банки и избегнувајте ги приватните менувачници каде што лесно можат да ви кажат погрешен курс и буквално да ви украдат голем дел од парите при менувањето девизи. Доколку пак некој ви побара да платите со кредитна картичка или со интернационално признаена валута како долари или евра, осигурајте се дека го користат вистинскиот курс за менување. Во спротивно, избегнувајте го ова и плаќајте само со локалната валута.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби