КРАТОК ВОДИЧ

Поминете совршен викенд во Венеција

Венеција е меѓу првите градови кои го избираат туристите за романтично патување. Историјата и архитектурата ќе ве воодушеват, а доколку не знаете како да го распоредите времето и посетите, ние ви предлагаме еден краток водич.

Истражете ги мостовите



Со оглед на тоа дека градот „плива“ на вода и е преполн со канали, зградите и шеталиштето се споени со мостовите. Скоро секој мост е приказна сама за себе, уреден со многу детали, различен стил и големина, а венецијанските мостови исто така се еден од симболите во градот. Rialto, Skalzi и Kostitucione се само некои од мостовите кои мора да ги посетите.

Уживајте во рибните специјалитети

Бидејќи морето ја дефинира Венеција како град, логично е понудата на риби да е огромна. Рибарниците нудат посебно искуство, а во нив ќе најдете многу видови за кои не сте ни знаеле дека постојат.

Дуждова палата



Ова е едно од местата кое никако не смеете да го прескокнете. Изградена е уште во 14 век, а ќе се воодушевите од нејзината архитектура, внатрешното уредување и изложбите. Во минатото сите важни одлуки се носеле токму таму, па веднаш ќе ја почувствувате историјата.

Јадете и пијте како Венецијанците

Иако туристите навикнале да гледаат познати плоштади, катедрали и палати, не треба да ја запоставуваат и тамошната кујна. Бројните таверни и ресторани во улиците кријат многу специјалитети – од аперативи пробајте ликери ombre и spritz, а од јадењата нарачајте Sarde in saor или Rixoto de go.

Забавувајте се на карневалот



Покрај оној бразилскиот во Рио, венецијанскиот карневал е најпознат во светот. Секоја година се одвива еден ден пред чистата среда, а традицијата се почитува уште од 1162 година. Величествените маски, секоја години ги наведуваат бројните туристи да се приклучат кон карневалските поворки.

Не заборавајте на Големиот канал

Оваа главна градска раскрсница со должина од 3.8км поминува низ целиот град. Може да ја посетите со водено такси или гондола, кое што е омилено превозно средство меѓу туристите. Каналот е граден цели пет века и ја прикажува моќта на градот кога со него владееле богатите фамилии.

Возете се со гондола



Да ја посетите Венеција, а да не се извозите со гондола е голем пропуст. Додека се возите со партнерот, ќе може да уживате во фасцинантната архитектура.

Посетете ја Сан Џорџо Маџоре

Познатата црква, која е одделена од градот се наоѓа на посебен мал остров. Тоа и дава посебен шарм и изглед, а за нејзиното постоење е заслужен архитектот Паладио. На островот се наоѓаат и театар и библиотека.

За крај, уште малку уметност



Потрудете се да најдете време да ја посетите познатата црква Свети Марко, заштитникот на Венеција. Оваа катедрала е врвно ремек-дело. Изградена е во 12 век, а е дом на многу статуи, слики и останати вредни уметнички дела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби