Претворете го својот одмор во професионален документарец

Luxury Travel Advisors е компанија која ќе ви пружи незаборавно искуство на вашиот нареден одмор, со тоа што ќе го снима целиот и потоа ќе го измонтира во стил на високобуџетен документарец како оние што ги гледаме на National Geographic и слични канали.

Оваа компанија може ве испрати вас плус уште три пријатели на егзотична локација, каде што екипа од 5 члена постојано ќе ве следи со камери и целата потребна опрема за снимање на документарец.

Сега засега се нудат 4 дестинации кои се комбинација на луксузно патување, одговорен екотуризам, конзервација, и искуство кое се случува еднаш во животот. Сите опции вклучуваат и приватно прикажување на филмот за пријателите и фамилијата.

Во мај се случува турата наречена „Срцето на Арктикот“, каде што може да се „дружите“ со поларните мечки во Норвешка, или пак да одите на „Африканско Ветеринарно Сафари“ во Јужна Африка каде што ќе може одблиску да ги погледнете конзервациските напори на Др. Вилијам Фоулдс - ветеринарен хирург познат по неговите напори за спречување на ловот на носорозите за нивните рогови и нивно третирање доколку тоа го преживеале.

Во август може да се оди на турата „Бразилски истражувач“, која ќе ве испрати во Јужен Пантанал каде ќе може да се „дружите“ со анаконди, јагуари, и џиновски мравојади, или пак ви септември да го прославите 150-тиот роденден на Канада со турата „Среќавање на канадски мечки“.

Компанијата планира уште 3 нови патувања кои ќе вклучуваат посета на светилиште на тигри во Индија, можност да пливате со ајкулите во Бермуда, како и авантура во паркот Јелоустоун.

Како и што самото име на компанијата вели, овие екскурзии се навистина луксузни – на пример, „Срцето на Артикот“ чини $172 500 по група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби