ЦЕЛ ЗА 2017 ГОДИНА

Посетете ги најсреќните земји

Секоја година, Обединетите нации составуваат листа на најсреќни земји во светот, па така и оваа година. Едни од најсреќните земји се наоѓаат и во наша близина, односно во Европа. Доколку месечно си одделувате некој буџет на страна, искористете го за патување и тоа во најсреќните земји. Кога ќе го почувствувате тамошниот дух на народот, ќе сфатите во што е поентата. До тогаш, разгледајте кои се тие земји:

10. Шведска



Од Шведска доаѓаат АВВА и Златан Ибрахимовиќ. Оваа земја успеала да се искачи и на 4-тата позиција на оваа листа, но добро е што се уште се држи во првите 10. Швеѓаните имаат убав живот, одлични јавни сервиси и интересни места за посета, почнувајќи од неверојатната Аурора Бореалис, до хотелот под мраз.

9. Австралија



Кој не би бил среќен да ужива на плажите во Австралија, кога температурите во нашата земја се под нулата? Австралијците знаат како да уживаат во животот и постојано си бараат забава буквално во сè. Тоа мора еден ден да се почувствува на своја кожа.

8. Нов Зеланд



Ова е земјата која што има повеќе овци од луѓе. Да, сериозно. Плус, овчарите таму се многу платени. Ако ја посетите еднаш, може ќе посакате да се преселите и да живеете токму во Нов Зеланд.

7. Холандија



Среќата во Холандија не доаѓа од прекрасните кафе барови, кои нудат колачиња од марихуана или од Црвената улица во Амстердам, туку од лалињата, каналите и портокаловата боја. Сепак, сè што набројавме вреди да се посети.

6. Канада



Ова е една од наједуцираните земји во светот. Оваа земја ги има отворено вратите за секого и е многу пријателски настроена, жителите се среќни и исполнети.

5. Финска



Во Финска пред сè ќе се воодушевите од тамошната култура, но и од Аурора Бореалис. Таму скоро и да нема загадување на воздухот, а зимските ресорти за скијање постојано се полни. Доколку посетите еден, ќе ја сфатите смислата на животот.

4. Норвешка



Ова е една од најпросперитетните држави, што се однесува на економијата. Сепак, парите се важни, без разлика кој што ќе каже. Исто така, оваа земја е една од најбезбедните и дарежливите земји во светот.

3. Исланд



Исланд е преполн со прекрасни панорами. Оваа земја има многу природни убавини од вулкани, глечери, гејзери и што ли уште не. Ако сте љубители на убавата природа, додајте си ја во списокот за земји кои мора да ги посетите.

2. Швајцарија



Земјата на чоколадите. Таму вкусот на чоколадото е нешто по што ќе сакате постојано да се враќате. Можеби и поради тоа Швајцарците се најсреќни жители, бидејќи јадат чоколадо. Таму се произведуваат Lindt, Nestle, Toblerone и многу други познати брендови за чоколада.

1. Данска



Данска – земјата во која основното училиште е бесплатно, лекувањето е бесплатно, работниот одмор е платен, породилното отсуство е во времетраење од една година. Што уште треба за среќен живот? Данците ги поседуваат сите квалитети кои му требаат на еден човек за мирен и убав живот. Луѓето се трудат да се пријателски настроени и пред сè услужливи, особено оние кои работат во јавниот сектор. Но, за да го почувствувате тоа, мора да ја посетите и да уживате во најсреќната земја на светот. Побрзајте со вашето планирање!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби