Храна што мора да ја пробате во овие европски земји

Од храна никогаш доста. На светот постојат милиони различни вкусови кои допрва треба да ги откриете, па навистина би било штета постојано да јадете една иста храна. Во прилог ви претставуваме неколку јадења кои едноставно мора да ги пробате ако се најдете во некоја од овие европски земји.

1) Wiener Schnitzel (Виенска шницла) – Австрија

Ова австриско национално јадење е задолжително да го пробате доколку се најдете во оваа земја – супер тенката пржена шницла од свинско или пилешко месо ретко кого го остава рамнодушен.

2) Carbonnades Flamandes (Фламанска чорба) – Белгија

Покрај превкусните вафли и помфрит, пробајте ја и оваа чорба од бифтек, во која во готвењето наместо вино е додадено пиво.

3) Халуми – Кипар

При посета на Кипар, пробајте го ова полутврдо сирење направено од микс од козјо и овчо млеко, кое не се топи кога се пржи.

4) Poronkäristys – Финска

Oва е месо од ирвас кое баш и нема да имате прилика да го пробате во друга земја, за кое велат дека има подобар вкус од месото од елен. Се јаде преку цела година и има иконски статус во регионот.

5) Steak tartare ( Тартар бифтек) – Франција

Тартар бифтек е порција од свежо месо (бифтек или коњско), кое вообичаено се служи со компир, кромид, бибер или ворчестер сос, а понекогаш и со свежа жолчка од јајце.

6) Kürtőskalács – Унгарија

Оригиналното име му е „киртешкалач“, а познат е и како оџак-колач или унгарски свадбен колач – се прави така што тестото се премачкува со истопен путер, се пече додека не се „позлати“, а потоа се валка во шеќер, цимет или мелени ореви. Исто така може да се полни со било што, од сладолед, до Nutella.

7) Црн пудинг – Ирска

Ирската храна ја нема репутацијата како нивните пива, но ирскиот црн пудинг дефинитивно вреди да се проба. Ова е еден вид на крвав колбас направен од маст од свиња или добиток, измешан со свинска крв и овес.

8) Paella (Паеља) - Шпанија

Паељата има потекло од Валенсија и е јадење коа мора да се проба – се состои од ориз, зеленчук, морска храна или месо и голема доза на шафран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби