ЦРНИОТ КОНТИНЕНТ

Бисери во Африка кои треба да ги откриете

Црниот континент, Африка, долги години беше запоставуван од страна на патниците, па ретко кој се решил да тргне во негово истражување. Сепак, во последните неколку години, ситуацијата значително се подобри, па сè повеќе туристи го одбираат овој дел од светот.

Доколку не сте ја посетиле, во прилог ќе ви ги прикажеме едни од најголемите богатства кои што ги поседува оваа земја, па можеби ќе ја зголемиме и вашата желба да ја посетите.

Планината Килиманџаро



Издигајќи се на висина од 5895 метри, Килиманџаро е највисоката планина во Африка. Регионот околу планината е дом на некои од најубавите прекрасни паркови на континентот, а тоа е додатна причина зошто посетата на планината Килиманџаро е задолжителна. Ако не ви е до искачување, доволно е да достигнете до нејзиното подножје со цел да ги видите прекрасните пејзажи.

Кањон на реката Риба, Намбија



Втор по големина, веднаш по Големиот Кањон, спектакуларниот кањон на реката Риба е исполнет со неверојатна природа, кој се наоѓа во самото срце на намбиската пустина. Кањонот е стар над 500 милиони години, има должина од над 160 метри, а длабочината на некои места достигнува и до 550 метри.

Во неговото срце тече реката Риба, која во текот на годината го менува својот изглед од питом поток до силна река која продолжува со ерозија на почвата и достигнување до кањонот. Популарни се турите за пешачење по течението на реката Риба, кои се во времетраење од 4 дена, а се поминуваат 86км низ единствениот пејзаж во кањонот. Ќе сретнете различен животински свет меѓу кој диви коњи, планински зебри и многу птици.

Миграција на диви животни, меѓу националните паркови Масај Мара во Кенија и Серенгети во Танзанија



Може ли масовната миграција на дивите животни да биде најспектакуларното случување на светот? Годишната миграција на над 2 милиони диви животни се одвива на површината на националните паркови Масај Мара во Кенија и Серенгети во Танзанија. Животните го започнуваат својот пат од југ, па се до Кенија. За време на патувањето се соочуваат со многу препреки, меѓу кои и крокодилите кои ги чекаат во реката Мара.

Миграцијата на дивите животни е спонтан и непредвидлив настан во кој „управуваат“ дождливите денови, варира од година во година. Најдобро време за миграција е помеѓу јули и август, кога стадото се собира кај реката Мара, за да ја поминат и да продолжат заедно.

Делта Окаванго, Ботсвана



Величествената Окаванго делта, е најголемата копнена делта на светот. Покривајќи регион од 17.000км, ова е едно од топ местата за посета во Африка. Ова чудо на природата настанало откако пресушило древното езеро Макгадикгади. Окаванго делта се храни со вистински води од реката Уганде, која тече долж пустината Калахари во Боцвана.

Кратер Нгоронгоро, Танзанија



Прекрасниот кратер Нгоронгоро е место кое ако го посетите ќе го паметите цел живот. Тоа е најголемиот кратер на светот кој не е поплавен, а настанал при експлозија на вулкан пред 3 милиони години. Со вкупна површина од 260км и длабочина од 600метри, кратерот се смета за природна заштита за голем број единствени припадници на билниот и животински свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби