Гламур на Француската ривиера: Место кое ќе ве остави без здив

Една од најголемите туристички дестинации во Франција е Ница, град кој нуди многу работи за сите оние кои што ќе се одлучат да ја посетат оваа ривиера. Преполн е со видиковци, ресторани, гламур и прекрасни плажи.



Во овој дел од Франција може да пронајдете многу хостели со цени кои варираат од 14 евра до 50 евра. Евтино сместување може да пронајдете и во одредени хотели со цени почнувајќи од 40 евра.

За разлика од сместувањето, цените во рестораните се прилично високи. Предјадењето чини од 9 до 13 евра од порција, главното јадење ќе го платите 14-30 евра, а ако сакате да се напиете една чаша вино тогаш ќе треба да одделите од 4 до 9 евра. За да заштедите и да не фрлате пари по скапи ресторани, пронајдете ги рестораните кои нудат prix-fix оброци. Станува збор за менија од 2 или 3 јадења, а цената им се движи од 15 евра па нагоре.



Прилично е евтин и јавниот превоз, при што трамвајската карта во една насока изнесува 1,50 евра, додека дневната карта чини 5 евра. Може да заштедите на тој начин што ќе купите „multi-10“ карта со која ќе имате 10 возења за 10 евра.

Франција сама по себе е скапа земја, па не треба да не чудат овие цени, кои се мошне високи за наш стандард. Просекот е да трошите по 50-60 евра дневно, ако спиете во хотел, внимавате каде јадете и ако користете јавен превоз.

Што да посетите?



Најпопуларна локација во Ница е Promenade des Anglais, каде што ќе видите туристи како се одмараат покрај крајбрежјето, луѓе на ролерки, велосипеди и различни тркала. Постојат и штандови на кои се продаваат свежи сокови, но и ресторани со преубави тераси. Посетете го и цветниот пазар Corus Saleya, кој освен со продавници е преполн и со кафе барови. Овој пазар работи шест дена во неделата, освен понеделник.

Museum Matisse е иновативен музеј во кои се изложени делата на славниот Хенри Матисе, познат уметник кој постојано цртал природни пејзажи. Музејот на азиската уметност и Музејот на современоста уметност се уште два музеи кои мора да ги посетите. Во музејот на азиската уметност изложени се дела од Индија, Кина и Јужна Азија. Влезниците во трите музеи е по 10 евра.



Стариот дел на градот, Vieux Nice, е преполн со тесни улици и стари згради со интересни архитектури. За панорамски поглед искачете се на Le Chateau, место за кое ќе ви треба повеќе време додека да се искачите, но верувајте дека на крај напорот навистина ќе ви се исплати. И секако, не заборавајте со вас да понесете добар фото-апарат!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби