Бесплатни работи кои може да ги направите во Загреб

Загреб е град кој некогаш во животот мора да го посетите. И додека плаќате за едни услуги, други можете да ги правите бесплатно. Еве што ви прелагаме:

Искачете се на Сљеме



Искачете се на највисокиот дел во Загреб – врвот Сљеме, кој се издигнува на 1033 метри на Медведица. Иако до него оди еден автобус кој се наплаќа 20куна, може да се искачите и со жичара или по планинарски патеки. Ако пак не сте добри планинари, тогаш пронајдете бесплатни тури и на Facebook профилот викенд на Медведица.

Избањајте се во Јарун



Од високите температури може да се изладите во водите на Јарун. Сезоната за бањање започнува од 1 јуни до 15 септември, а може да ги посетите плажите околу Големото езеро, Малото езеро и Островот на веслачите.

Сликајте се со Матош



Клупата со хрватскиот поет Антун Густав Матош на Шторсмаер шеталиштето во горниот дел од градот, е место кое никако не смеете да го испуштите за да направите фотографија. Таму ќе сретнете многу туристи кои се фотографираат и ја објавуваат фотографијата со хаштаг од името на писателот.

Прошетајте по пазарот Хрелиќ



Хрелиќ е легендарен пазар, кој се одржува секоја недела на Јакушевеќ последните пет децении. Овде може да се пронајде буквално се по најниски цени. Дали ќе потрошите некој денар или не, зависи од вас.

Помислете желба на Мандушевац



Постои легенда дека желбата ќе му се исполни на секој кој ќе влезе во загрепската фонтана Мандушевац на плоштадот Јосип Јелачиќ. Иако технички не е бесплатно, сепак вреди да пробате.

Играјте бадминтон во Максимир



Паркот Максимир е идеално место за лесна релаксација во друштво на пријателите и семејството. Паркот се простира на 316 хектари, а освен зелената површина ќе се сретнете и со пет езера. Можете да играте бадминтон, тенис, некоја игра со топка или едноставно да уживате во природата.

Погледнете во небото



Погледнете во прекрасното ѕвездено небо над Загреб. Од вторник до петок помеѓу 20 и 22 часот се отвора за јавноста загрепската Опсерваторија, а доколку е убаво времето се отвора можност за бесплатно набљудување на небото со телескопи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби