ПРОСЛАВЕТЕ ЗА ДРУГАРСТВОТО

Дестинации кои треба да ги посетите во друштво со најдобриот пријател

Од време на време ни треба да избегаме на некое место со личност пред која може да се опуштиме максимално. Не постои никој друг таков, освен нашиот најдобар пријател. Но, за да си помините прекрасно, најдобро е да отидете на некое место на кое ниту еден од вас не бил. Кои би биле тие дестинации?

Тоскана, Италија



Тоскана е сончев крај исполнет со зелени полиња, а жителите се мошне позитивни. Можете боси да се движите по ливадите, да уживате во пејзажите и да пиете превкусно вино во чест на вашето пријателство.

Бахами



Од гужвите, најдобро е да побегнете на некој остров, а ако веќе можете да си дозволите, тогаш изберете ги Бахамите. Таму има полно забава, па освен уживањето во прекрасното море и километарските плажи, може да уживате и во локалните специјалитети, музиката, нуркањето...

Барселона, Шпанија



Долгите утрински прошетки покрај морето е совршен начин за започнување на длабоки разговори. Во Барселона има се што сакате, од мир, до прекрасни јадења, пиења и неверојатни забави. Бидете среќни што се имате еден со друг и овозможете си одмор каков што заслужувате.

Лисабон, Португалија



Овој романтичен град ќе ве остави без здив. Ако не сте знаеле, велат дека во овој град најдобро се јаде. Можете да се шетате по прекрасните паркови, да посетувате културни настани и да вечерате во некои од бројните ресторани.

Тајланд



Оваа земја е епицентар на културата на истокот. Покрај туризмот, она што ги привлекува луѓето да го посетат Тајланд, е љубезноста на жителите, кои постојано се насмеани. Морето, плажите, овошните коктели и лудите ноќни забави се доволна причина за да се упатите натаму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби