Совети за ефективно пакување на алиштата

Летните одмори веќе започнаа, а со тоа и нервозите за пакување. Можеби тоа е една од најтешките работи кои треба да се завршат пред да тргнете на патување.

За да соберете сѐ што ви е потребно, прочитајте ги советите на Лиза Адамс, професионална организаторка.



Пакувајте се во некоја просторија каде што може да ја изложите целата гардероба и да направите дневни комбинации.

- Кога однапред ќе ги направите комбинациите, ќе избегнете да носите еден куп непотребна облека која само ќе ви зафаќа место во куферот, вели Лиза.

Секоја комбинација фотографирајте ја со мобилниот телефон, за потоа да не се мислите што да искомбинирате. Потрудете се да носите парчиња од кои може да направите повеќе комбинации.

Наместо да ги редите алиштата во куфер, завиткајте ги како ролна. Лиза ја користи таа техника и за пакување, но и за складирање на алиштата во фиока. На тој начин ќе имате повеќе простор во куферот.



Неколку денови пред патувањето, спакувајте го козметичкиот несесер, кој ќе почнете да го користите уште од дома. На тој начин ќе дознаете што е она што ви недостига, а обично тоа се ситници како што е забниот конец.

- Сѐ што сте заборавиле, а ви е потребно, додадете го во несесерот, а она што сте го спакувале, но не сте го искористиле, извадете го и оставете го дома.

Можете да ставите миризлива хартија, вреќичка од лаванда или еукалиптус во куферот, за да мирисаат алиштата како да се свежо перени. Ова е особено корисно кога одите на подалечно патување.

Ако е можно, по патот облечете ги оние обувки кои зафаќаат поголем дел во куферот. Ако пак патувате со авион или автобус, во рачниот багаж ставете си тенок џемпер и чорапи, бидејќи не можете самите да ја регулирате климата, па може да ви стане ладно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби