Планирате да нè посетите? Подобро не...

Генерално, луѓето сакаат да се фалат колку нивните земји или градовите каде што живеат се најдобри. Меѓутоа, тоа секогаш не е случај. Во прилог следат неколку хумористични, но и реални причини постирани на сајтот Quora поради кои, според локалците кои живеат таму, некои земји можеби и не треба да ги посетите.

1) Норвешка

Според некои Норвежани, доколку очекувате да развиете нови пријателства таму, подобро да не доаѓате. Тие имаат изрека која гласи „доколку странец ви се насмевне на улица или е луд или е Американец“. Уште една причина е скапата храна. Како на пример, Бик Мек во Мекдоналдс чини $5.67, што го прави втор по ред најскап Бик Мек во светот и дефинитивно не се препорачува посета доколку џебот не ви е многу длабок. Оваа земја треба да ја заобиколат и љубителите на сончевото и топло време, бидејќи зимите во Норвешка се студени, темни и снежни, а често пати во лето има континуиран дожд. Во 2015-та од 365 дена, 279 врнело.

2) Австралија

Повеќето животни ќе се обидат да ве убијат, а ако тоа не им успее тука се големите жештини, жедта или ризикот да се изгубите. Според локалците, заборавете на слатките коали и кенгури и внимавајте на отровните жаби, отровните змии, ајкули, крокодили...Во суштина, било кој инсект или животно.

Некои од најотровните врсти на животни во светот живеат во Австралија, а веќе од 4-годишна возраст децата ги учат како да преживеат, како да се справат со каснување од змија, со болести од комарците, лош квалитет на водата, или крокодили (во зависност од местото на живеење).

3) САД

Aмериканците велат дека нивната земја е исклучително скапа, особено за странците. Транспортот помеѓу американските градови знае да биде прескап, особено кога ќе се земе в предвид колку се евтини летовите помеѓу градовите во Европа и Азија. Скапи се и хотелите и храната, а сето ова е неколкукратно поскапо во државите кои се поблиску до бреговите.

4) Катар

Катар има најголема бројка на автомобили по глава на жител, а скоро и да не постои друг практичен метод за транспортација особено не пешки или со велосипед, покрај многуте автомобили. Поголем дел од времето, пак, Катар е загаден и покриен со прашина, а градот Доха е еден од најзагадените во светот. А жештината ...Таа е неподнослива.

5) Бразил

Бразил е во топ 10 земјите според индексот на криминал, и во било кој голем град ризикувате да бидете жртва на грабеж, вооружена кражба или на „флеш киднапирање“, кога криминалецот ја носи жртвата на повеќе банкомати за да украде што повеќе кеш од неа пред да ја ослободи.

Токму туристите во Бразил се целната група на ваквите напади, а се соочуваат и со преголеми цени на храната и услугите бидејќи не ги знаат вистинските.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби