Патување до прекрасниот Лисабон

Доколку се уште размислувате каде да биде вашата следна авантура низ Европа, истражете го Лисабон, историскиот град полн со приказни за раскажување, град во кој сонцето несебично сјае 290 дена во годината и температурите ретко паѓаат под 15 степени. Главен, а воедно и најголем град во Португалија, каде луѓето зборуваат гласно, се смеат искрено, а пеат тажно.

Овој прекрасен град на фадо музиката е еден од најстарите градови во светот,при што архитектурата на истиот го прави многу посебен и привлечен за фотографирање. Фасадите покриени со фантастични керамички плочки, ги инспирираат туристите и ги “ставаат” во интересно шарено расположение. Се е егзотично, а пак така познато.

Лисабон ги привлекува туристите со својот лежерен шарм. Легендарниот град на седум рида, ќе ве заведе со восхитувачките мозаици на тротоарите, камените улици и позлатените резби. Една од главните атракции на ова место е осум ипол векови старата тврдината Свети Ѓорѓија (São Jorge Castle) која овозможува незаборавен и величествен поглед на целиот град. Уживајте во оригиналноста на овој замок и не заборавајте да го понесете својот фотоапарат.

Во центарот на градот прошетајте и по шарените плоштади од 18 век и дозволете си да се изгубите во средновековниот лавиринт во Алфама. Секој тесната уличка во градот ќе ви раскаже поинаква приказна и секоја приказна лесно ќе допре до вашето срце.

Посетете ја и кулата Белем, која е една од најдобрите примери на оригиналниот португалски мануелински стил. На неа се наоѓа скулптура која е симбол на заштита на морепловците, а изградена е во чест на Васко де Гама и заштитена од страна на УНЕСКО.

Доколку пак сте од оние кои сакаат да уживаат во природните убавини посетете го паркот Монсанто кој ќе ви пружи смиреност и спокој, а истовремено ќе ве исполни со позитивни вибрации и задоволство.

Ноќниот живот во Лисабон е нешто што му дава уште една магична нота на градот. Звукот на традиционалната музика допира до секоја калдрмска уличка во градот полна со барови, ресторани и позитивно расположение.

Лисабон е место кое мами воздишки и плени со својата убавина па поради тоа нека биде и вашата следна дестинација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби