Непристојни работи кои ги прават туристите во одредени земји

Многу е важно туристите да ја почитуваат културата на земјата во која што се, но за жал не сите го прават тоа. Еве што локалното населениe од одредени земји изјавило дека најмногу им смета кај туристите:

1) Данска – попречување на велосипедистите

Секое лето, Копенхаген е преплавен со туристи кои воопшто не обрнуваат внимание на околината и се шетаат на велосипедските патеки со нивните огромни куфери, застануваат да фотографираат и сл. Туристите пак кои изнајмуваат велосипеди често пати не користат правилна сигнализација и го отежнуваат и попречуваат сообраќајот.

2) Италија – непочитување на правилата

На мештаните од неколку италијански градови им смета кога туристите не ги почитуваат правилата, се капат во фонтаната Треви, уринираат на улиците доцна во ноќта, се качуваат на статуите и сл. Ним исто така им смета кога странците претпоставуваат дека секој во Италија зборува англиски и кога нарачуваат американизирани верзии на италијанска храна како пица со ананас или шпагети со ќофтиња.

3) Индонезија – просење

Често пати авантуристите од западните земји ги финансираат патувањата низ Индонезија со просење. За мештаните е доволно лошо што туристите прават тури во сиромашните квартови за да ги фотографираат просјаците, но кога ќе им се придружат во просењето за да може да си го платат одморот, си даваат преголемо право со тоа.

4) Германија – селфија на локациите кои оддаваат почит на жртвите на холокаустот



Германците не можат да поднесат кога туристите фотографираат селфија кај спомениците како концентрационите логори и останатите кои оддаваат почит на жртвите на холокаустот. Уште полошо, некои луѓе се сликаат во смешни пози или пак го имитираат Хитлер.

5) Норвешка – преголемо приближување до глечерите

Глечерите во Норвешка имаат огради и предупредувачки знаци со причина бидејќи на нив гинат луѓе, така што е исклучително опасно за туристите кога не ги почитуваат овие ограничувања и се приближуваат што поблиску до нив.

6) Индија – фотографирање во сиромашните маала

Тешко е да се разбере „фасцинираноста со сиромаштијата„ на некои туристи, кои непоканети одат во сиромашните маала со своите скапи дигитални апарати и ги третираат мештаните како животни во зоолошка градина, фотографирајќи ги без дозвола, претежно за лајкови на социјалните мрежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби