Нешта што кои не е пожелно да ги правите при посета на Јапонија

Во земја со уникатна култура како Јапонија, посетителите може да се чувстуваат затекнати од правилата и социјалните норми кои го регулираат јавниот живот и интерперсоналните односи.

Од странците кои ја посетуваат Јапонија и не се очекува да се запознаени со јапонската етика, но доколку патот ве однесе натаму, еве што треба да избегнувате да го правите:

1) Не ги прекршувајте правилата на користење на стапчињата

Никогаш не ги оставајте стапчињата „збрцани“ вертикално во чинијата ориз, бидејќи тоа е ритуал кој се одвива при погреби. Доколку треба да ги оставите, секогаш ставајте ги на држачот до чинијата. Исто така, избегнувајте со своите стапчиња да подавате храна на нечии други стапчиња, а кога земате храна од туѓа чинија со нив, секогаш оставајте ја на сопствената чинија пред да ја јадете. Триењето на стапчињата, се смета за непристојно.

2) Не носете чевли во затворен простор

Кога посетувате јапонски дом, чевлите треба да бидат собуени веднаш штом влезете. Чевлите со кои се чекорело надвор се сметаат за нечисти и се заменуваат со влечки. Ова правило важи и за традиционалните риокен хотели, некои јавни места како храмови и светилишта, училишта и болници.

Собувањето на чевлите е задолжително и во реоните во рестораните каде што се седи на патос на традиционални татами душеци т.е рогозини, што е причината што не смеат да се носат ни влечки – бидејќи можат да ја оштетат рогозината.

Уште едно важно правило е дека потребно е да се сменат влечките за на затворено со специјални влечки за тоалет, кога тој се користи.

3) Не јадете во движење

Во Јапонија, луѓето генерално не јадат ниту пијат кога се во движење. Брзата храна која се продава на киосците се јаде стоечки, додека пијалоците од разните машини се консумираат веднаш и амбалажата се фрла во кантите за рециклирање кои се наоѓаат до нив. Како лоши манири се сметаат јадењето и пиењето во јавниот превоз, а исклучок се прави на возовите кои патуваат на долги релации.

4) Не влегувајте во када пред да се истуширате

Повеќето јапонски домови имаат када која е веќе наполнета со топла вода, која е резервирана за релаксирање, а не за миење. Овие традиционални јапонски кади се наречени „фуро“ и пред да се влезе во нив задолжително е темелно да се замиете на чешма или туш кој обично се наоѓа во близина.

Доколку посетувате јавна бања („онсен“), покрај ова правило важат и следниве: не се дозволени костими за капење, косата треба да е врзана за да не ја допре водата, пешкирот исто така не смее да ја допре водата и не смее да се плива во кадата.

Тетоважите се асоцираат со бандите, така да доколку сте тетовирани може да не ви биде дозволено користењето на јавните бањи.

5) Не оставајте бакшиш



За разлика од САД и повеќето европски земји каде оставањето бакшиш е често практикувано, па некаде и задолжително, во Јапонија тоа може да се протолкува како навреда. Цената на услугата е вклучена во крајната сметка во рестораните, а дури и возачите на таксија одбиваат да го задржат кусурот доколку плаќате „заокружена“ сума.

6) Во друштво, никогаш самите не си го точете пијалокот

Кога сте во друштво со пријатели или колеги, никогаш не треба самите да си точите пијалок бидејќи тоа се смета за непристојно. Секогаш полнете ја чашката која е празна на оној до вас, а истото ќе биде направено и за вас. Исто така, шишето секогаш се држи со двете раце.

7) Не го истурајте соја сосот врз оризот

Во Јапонија, соја сосот никогаш не се истура директно врз храната, туку се става во малечок сад наменет само за тоа, во кој што со стапчиња се потопува оризот или сушито.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби