Најдобрите дестинации за прослава на Божиќ

Веќе сме на половина од месец ноември, а веќе можеме да ја почувстуваме празничната атмосфера што допрва следи. За разлика од некои места каде што Божиќ се пречекува на плус 20 степени, во Европа прославата на овој празник е синоним за снег и ниски температури. 



Повеќето од градовите во Европа кои го прославуваат Божиќ се претпознатливи по т.н. божиќни маркети. Погледнете ја листата на најдобрите градови во кои можете да го прославите Божиќ оваа година:

1. Виена, Австрија

Тешко е да се најде град кој го прославува Божиќ со толкава грациозност и елеганција како што тоа го прави Виена. Божиќните маркети мамат да поминете на секоја тезга и да пробате од сите слатки задоволства што се нудат, да се напиете греано вино и да се подновите со некој зимски аксесоар. Исто така, не сте биле во Виена доколку не ја пробате познатата Виенска шницла или прочуените колбаси кои се служат токму на овие празнични маркети.

2. Лондон, Англија

Каде и да се свртите, во Лондон сите улици се полни со празнични декорации. Накитени автобуси, шарени излози и светкави канделабри се синонимот за Божиќ во Лондон.
Доколку шопингот ви е голема опсесија, тогаш нема да погрешите доколку го одберете овој град како дестинација каде што ќе го поминете празникот.

3. Загреб, Хрватска

Доколку не сакате да потрошите многу пари на патување, а сепак сакате да побегнете некаде, Загреб е одлична идеја. За божиќната  атмосфера во овој град се вели дека е една од најдобрите во Европа. Слично како и во Виена, ќе имате можност да уживате во слатките задоволства кои ги нуди овој град. Магијата едноставно плени!

4. Нирнберг, Германија

Нема подобро време од годината за да го посетите Нирнберг од Божиќ, кога градот прераснува во вистинско место од бајките. Тука е навистина тешко да им се оддоле превкусните колачиња и на илјадниците декорации кои може да се најдат на божиќните маркети.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби