Најдобрите шопинг дестинации во светот

Сајтот booking.com направи селекција на неколку прекрасни шопинг дестинации низ светот, како и идеалните места за престој во секоја од нив.

1) Galeries Lafayette, Париз

Грандиозната Galeries Lafayette е основана во 1912 и се состои од монументална стаклена купола и тераса од која се гледа Париз, како и од мноштво продавници. Идеален престој при посета на оваа локација е 1er Etage Opéra, мешавина од бутик хотел и делукс гостинска куќа, а се наоѓа на 4 минути пешачење од шопинг рајот.

2) Harrods, Лондон

Историската стоковна куќа Harrods во Лондон ги отворила своите врати пред 182 години со препознатливите зелени торби кои денес се познати низ светот. При посетата на Harrods, препорака е да престојувате во Beaufort House – Knightsbridge на само 100 метри од неа.

3) The Address, Dubai Mall Hotel, Дубаи

Во Dubai Mall ве очекува уникатно шопинг искуство за целата фамилија.Покрај продавниците, тука се наоѓа и огромен аквариум и подводна зоолошка градина, кино со 22 сали, како и лизгалиште. Најдобро би било да престојувате во истиот хотел (со 5 ѕвезди) кој е директно поврзан со трговскиот центар.

4) Galleria Vittorio Emmanuele, Милано

Овој трговски центар е исклучително важен историски споменик, но и дома на продавници на многу престижни брендови кои ќе ви го испразнат паричникот. Најблиску до него е Aparthotel Dei Mercanti, на само 100 метри од Миланската Катедрала.

5) GUM, Москва

Овој трговски центар се наоѓа спроти Црвениот плоштад и има фантастична архитектура и долга историја. На помалку од половина километар до него е луксузниот хотел Fours Seasons Hotel Moscow во историската зграда на Moskva Hotel.

6) Isetan, Токио

Овој моден центар се смета дека е еден од најпопуларните во Токио, а на само 200 метри е Tokyu Stay Shinjuku, отворен во мај 2015, со едноставно декорирани соби.

7) Central, Хонг Конг

Central е еден од најстарите трговски центри во Хонг Конг, каде има ексклузивни продавници, ресторани со Michelin ѕвезди и тренди кафулиња. Се препорачува престој во The Landmark Mandarin Oriental Hong Kong во срцето на модната област на Хонг Конг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби