Најдобри места кои може да се посетат со помал буџет во 2018-та

Доколку планирате поголемо патување во 2018-та, а сакате да поминете што поефтино, еве неколку предлози кои сè места можете да ги посетите:

1) Малезија

Фантастична алтернатива на потуристички развиениот Тајланд, Малезија е одлична дестинација доколку сакате да го поминете одморот со помал буџет. На пример, во Куала Лумпур сместувањата со 3 ѕвездички чинат само $15 по ноќевање, а $10 ќе покријат 3 оброци дневно.

2) Аргентина

Аргентина е возбудлива и разнолика земја која има да понуди по нешто за сечиј вкус – од „земјата на виното“ во Мендоза, до планините и долините во Патагонија, Аргентина е врвна туристичка дестинација.

3) Словенија

Со гостопримство како во Италија, прекрасните планини на Австрија и гурмански специјалитети на „комшиската“ Истра, Словенија го нуди сето ова по мал дел од цената која ја нудат тие локации.

Вреди да се посети главниот град Љубљана, прекрасното езеро Блед, или пак винскиот регион Горишка Брда – кои  се наоѓаат на 2 часа возење еден од друг.

4) Естонија

Оваа малечка балтичка земја ги очекува туристите со нејзините замоци, палати и прекрасни крајбрежја. Едно ноќевање чини во просек околу $40 во хотел со 3 ѕвезди, додека оброците во текот на денот ќе ве чинат околу $18.

5) Перу

Позната по градовите на светското наследство на UNESCO и Мачу Пикчу, Перу е одлична опција за оние кои патуваат со многу мал буџет. Храната е вкусна и евтина, со 3 оброци кои чинат помалку од $10 дневно. Перу нуди прекрасни плажи, планини, кањони и реки.

6) Шри Ланка

Таканаречениот „бисер на Индискиот Океан“ нуди топло време и запрепастувачки пејзажи, како и ниски цени. Цената на ноќевање во хотелите со 3 ѕвезди започнува од само $13, а три оброци ќе ве чинат околу $9.

7) Мароко

Без разлика дали сакате планини, плажи, градови, или сакате да го „почувствувате вкусот“ на пустината Сахара, Мароко е преполн со историја и култура, правејќи го фантастична буџетска дестинација за 2018-та. Престојот во хотел со 3 ѕвезди започнува од $12 по ноќевање, а храната е превкусна и нуди одлична мешавина од зачини и состојки кои одговараат на сечиј вкус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби