„Најпрогонувани“ куќи во САД кои вреди да се посетат

Приказните за духови на многумина им се интересни, но ретко кој навистина верува во нив. Многу луѓе сакаат да се уверат во нивната вистинитост, а тоа можат да го направат со посета на локации кои се наводно „прогонувани“ од духови. Еве неколку такви кои се наоѓаат во САД:

1) Хотел Стенли, Колорадо



Овој хотел се наоѓа во дивините на Колорадо, и е инспирација на романот „The Shining” на Стивен Кинг по кој е снимен познатиот филм со Џек Николсон. Поврзани со овој хотел се неброено сведоштва за паранормални активности како фантомско свирење на пијаното, детска смеа во ходниците, светла кои самите се палат и гасат и најморничавото, куфери кои самите се отпакуваат.

2) Плантажа Миртлс, Лос Анџелес



Оваа плантажа каде порано се чувале робови била изградена во доцните 1700-ти врз Индијански гробишта и од тогаш станала дом на наводни 12 духови. Најпознат меѓу нив е Клои, робинка која имала афера со нејзиниот сопственик, ги отрула своите ќерки и била убиена од другите робови. Меѓу активностите кои тука се случуваат се спомнуваат расипани часовници кои сè уште отчукуваат, кревети кои се тресат и духови кои се појавуваат на фотографиите кои експертите не можат да ги објаснат.

3) Светилникот Сент Аугустин, Флорида



Овој иконски светилник во Флорида има трагична историја зад веселиот екстериер. Прво, светилничарот загинал паѓајќи од него додека го бојадисувал, а 20 години подоцна ќерките на надзорничката се удавиле додека се играле во заливот под него. Денес, светилникот привлекува паранормални експерти и обични туристи кои сакаат да ги искусат наводните духови кои се шетаат во него.

4) Резиденцијата Питок, Портланд



Брачниот пар Питок го изградил ова здание за во него да ги проживеат „златните години“ со стил. За жал тие починале еден по друг неколку години по неговата конструкција. Денес прогласена за историско обележје, се вели дека во оваа резиденција собите се исполнуваат со мирис на рози (омилените цвекиња на госпоѓицата Питок), а сликите самите од себе ја менуваат локацијата.

5) Хотел Монте Виста, Аризона



Хотелов има славна историја – дел од поплаките кои ги имаат гостите се честото будење на машките гости со чувство како некој да ги дави (причина за тоа се наводните две проститутки кои биле фрлени од прозор од собата 306 во 1940-тите), како и звуци на плачење на бебе кои доаѓаат од подрумот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби