Локации кои мора да ги посети секој љубител на Дизни филмовите

Највпечатливите опкружувања од филмовите на Дизни не доаѓаат од имагинацијата на аниматорите, туку најчесто се инспирирани од вистински локации. Еве дел од нив кои сигурно ќе ги препознаете, доколку сте љубител на анимираните филмови:

1) Замокот Нојшванштајн од 19-тиот век, Баварија, Германија

Овој замок е изграден за баварскиот крал Лудвиг II и е препознатлив по тоа што замоците од „Заспаната убавица“ и “Пепелашка“ се моделирани токму според него.

2) Замокот Шилон, Монтре, Швајцарија



Средновековнава тврдина на брегот на езерото Женева е изградена во 1150-та и била позната по тоа што во неа биле сместени затвореници (во подводните делови).

Детали од домот на принцот Ерик од „Малечката сирена“ се скоро идентични со овој замок, дури и во колор шемата која е искористена во анимираниот филм.

3) Мон Сен Мишел, Нормандија, Франција



Оваа француска комуна и остров изгледа како замок, но всушност е изградена како опатија во 11-тиот век, а е инспирација за замокот од кралството на Рапунзел во „Златокоса“ (“Tangled”)

4) Таџ Махал, Агра, Индија



Таџ Махал личи на кралска палата, но е изграден во 17-тиот век како мавзолеј во чест на покојната сопруга на Шах Јахан, Мумтаз Махал, а денес се смета за едно од 7-те светски чуда. 

Султанската палата од филмот „Аладин“ е очигледно инспирирана од него,  а името на измислениот град Аграба е многу слично на Агра.

5) Ангелските водопади, Венецуела



Лоцирани во планината Гвајана, Ангелските водопади се 15 пати повисоки од Нијагарините. Тимот на Disney/Pixar кој работел на филмот „Нагоре“ („Up”) за време на продукцијата ја посетил оваа локација и ја скицирал, за да подоцна стане визуелен централен дел од филмот.

6) Замокот Данотар, Шкотска



Од 3-тиот век, генерации на цркви и замоци биле изградени, нападнати и уништени на локацијата каде денес се наоѓаат остатоците од замокот Дунотар, кои се претежно од 15-ти век.
Во 2006 и 2007-ма, анимацискиот тим на Disney/Pixar кој работел на филмот „Храбра“ („Brave”) ја посетил Шкотска, и решиле замокот на Мерида да го базираат на Данотар.

7) Терминал Гранд Централ , Њуjорк



Терминалот Гранд Централ е еден од најпознатите обележја на Њуjорк и привлекува милиони патници и туристи секоја година.

Во филмот „Кршачот Ралф“(„ Wreck it Ralph"), копија на овој терминал е терминалот Game Central Station, т.е централната станица на игрите, каде што ликови од видео игрите се транспортираат до нивните конзоли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби