Популарни дестинации кои е пожелно да се избегнуваат во лето

Летото е несомнено периодот кога најмногу од луѓето патуваат, но повеќето популарни дестинации (особено градовите во Европа) тој период се премногу полни со туристи, а многу бизниси тогаш не се отворени бидејќи локалното население е исто така на одмор.

Еве кои дестинации разни туристички експерти препорачуваат да се избегнуваат во летниот период, како и кои да се посетат место нив:

1) Париз

Во лето во Париз цената на хотелскиот престој е највисока, а огромниот број на туристи создава бесконечни редови пред музеите. Подобар период за посета на главниот град на Франција се месеците март или октомври. Доколку, пак, сте желни да го видете стариот европски гламур, уметност и култура за време на летото, подобра дестинација е Виена.

2) Тајланд

Од мај/јуни па до октомври, времето во Тајланд може драстично да се менува – со секојдневни врнежи по неколку часа кои создаваат поплави (особено на островите Koh Phi Phi, Koh Tao и Phuket), така што подобар период за посета на оваа земја е од ноември до февруари. За посета во летниот период на овој регион, експертите ги препорачуваат Виетнам, Сингапур и Малезија.

3) Венеција и остатокот на Италија

Во Венеција летниот период изобилува со туристи, па скоро е невозможно да имате релаксирана прошетка низ градот без постојани турканици. Покрај тоа, секој 15 август по италијанскиот празник Ferragosto, многу фамилии и бизниси ги затвораат дуќаните и одат на одмор по планините и плажите, па така може да наидете на голем број затворени ресторани, дури и во големите градови како Рим. Температурите исто така знаат да се превисоки во летниот период, па затоа експертите препорачуваат Италија да се посетува во мај или октомври кога има многу помалку туристи, како и во зимскиот период – на пример во февруари, кога во Венеција се одржува познатиот карневал.

4) Амстердам

Амстердам е уште една популарна европска дестинација која е преполна со туристи во летниот период, па за заинтересираните за „холандското искуство“ тој период се препорачува посета на Ротердам.

5) Јужна, југоисточна и источна Азија



Доколку сакате да ги избегнете температурите кои често преминуваат над 38 °C проследени со влажност над 80%, дефинитивно не ги посетувајте земјите во овој регион за време на летото, туку тоа направете го во раната есен или доцна во пролетта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби