Надреални пустински пејзажи кои мора да ги видите во живо

Кога ќе се спомне пустина, повеќето од нас замислуваат песок, сонце, карпи и екстремна топлина,  меѓутоа не сите пустини се такви.

Нашата планета има различни пустински пејзажи, од покриени со песочни дини до карпести до терени кои личат на вонземски планети, па дури и лед.

Еве дел од нив:

1) Salar de Uyuni, Боливија

Оваа пустина е најголемата солена површина во светот и е лоцирана во планинскиот синџир Анди. Се формирала кога се исушило праисториско езеро и е покриена со бела сол и тенок слој вода за време на влажната сезона кој предизвикува ефект на совршено огледало.


2) Мохаве (Калифорнија, Невада, Јута и Аризона)

Пустината Мохаве се протега на површина од околу 64 800 квадратни километри и е најсувата пустина во Јужна Америка. Во неа има многу малку вегетација, а најпозната е по дрвото Џошуа кое расте само таму.

3) Намиб, Намибија

Намиб се протега скоро 2000 километри и се смета дека е една од најстарите пустини во светот. Позната е по колоритните розови и портокалови песочни дини кои некои се високи и по 300 метри, правејќи ги едни од најголемите дини на планетата.

4) The Wave (“Бранот“), Аризона

Оваа запрепастувачка карпеста формација позната како „бранот“ е сон за сите фотографи. Доколку, пак, некогаш ја посетите, знајте дека посетителите мора да учествуваат во дневна лотарија за билети – систем воведен за да се заштити структуралниот интегритет на „бранот“.

5) Бела пустина, Египет

Позната и како ел-Сахара ел-Беида, Белата пустина е национален парк во Египет, на неколку часа од Каиро. Поради карпестиот пејзаж делува како да се наоѓа на друга планета, а создадена е од формации на карпи од калциум кои се формирале од песочни бури и ерозија. Денски тие се заслепувачки бели, додека навечер светкаат како злато.

6) Национален споменик Бели Песоци, Ново Мексико

Белите Песоци покриваат 712 километри квадратни површина и се најголемиот светски депозит на снежно бел гипс креиран кога плитките мориња се повлекле пред милиони години. Поради минералната композиција, песокот е студен на допир.

7) Поларна тундра, Канада, Алјаска, Русија, Сибир, Скандинавија

Иако е направена од мраз, поларната тундра е изненадувачки слична на пустините, со тоа што во овој регион растат некои растенија (околу 100 дена годишно) благодарение на тенкиот слој лед кој се топи секое лето овозможувајќи влага за вегетацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби