Прекрасни шуми низ светот кои некогаш морате да ги посетите

Шумите покриваат 31% од копното на Земјата и понекогаш се толку величестени, што едноставно ќе се запрашате како природата успеала да создаде таква убавина.

Еве дел од најубавите светски шуми кои доколку имате прилика морате да ги посетите:

1) Pa Phru Tha Pom Khlong Song Nam, Тајланд

Името на оваа шума значи „канал со две води“, а позната е по неверојатно сината вода – боја која се јавува кога морската вода се меша со свежата (слатката) во одредени точки во циклусот на плимата.

2) Tsingy de Bemaraha, Мадагаскар

Оваа „карпеста шума“ е покриена со терен карактеризиран со карстни формации (порозен варовник кој со тек на времето бил изделкан од дождовите).

Tsingy е прогласен за светско наследство на UNESCO и е дом на бројни ретки и загрозени видови животни, вклучувајќи 11 видови на лемури и некои други кои живеат само во резерватот, како што е црвениот шумски глушец.

3) Dragon's Blood Forest, Јемен

Лоцирана на островите на архипелагот Сокотра, оваа шума има навистина вонземски изглед. Триесет и седум проценти од нејзината флора ја нема на ниедно друго место во светот.

4) Бамбусова шума Сагано, Јапонија

Ова е една од најуникатните шуми во светот која е дел од листата од 100-те локации во Јапонија со најзначајни природни, културни и индустриски обележја.

5) Монтеверде „шумата во облаци“, Костарика

Оваа тропска шума се наоѓа на голема височина и е постојано опкружена со магла која наликува на облаци, по што го добила името. Монтеверде е и дом на неколку илјади видови животни и растенија, од кои 500 од нив се само разни видови на птици.

6) Taman Negara, Малазија

Taman Negara е една од најстарите дождовни шуми во светот, стара 130 милиони години.

7) Црна шума, Германија

Германската Црна шума која ги инспирирала мрачните бајки на браќата Грим го добила името од импресивно густите крошни на четинарите.

8) Секвоја, САД

Националниот парк Секвоја каде се наоѓа оваа шума, е познат и како „земја на џиновите“, бидејќи е дом на најголемите живи дрвја во светот.

Најголемо од нив е дрвото именувано според генералот Шерман (од граѓанската војна), широко 31m. и високо 83m. кое е живо скоро 2200 години. Шесттата  по ред најголема секвоја со дијаметар од 10m. и височина од 82m. е 2000 годишното дрво наречено Бул, според докторот кој му го „спасил животот„ во една дрвосечачка операција.

9) Халербос, Белгија

Позната и како „сината шума“ (поради цвеќињата кои ја покриваат секоја пролет), Халербос е една од последните остатоци на Silva Carbonaria („јагленосаната шума“), античка шума која претставувала природна граница меѓу две кралства во раниот среден век.

10) Свиткана шума, Полска

Една од најмистериозните шуми во светот е „свитканата шума“ (Krzywy Las) во Полска, чии 400 борови дрва се свиткани под агол од 90 степени. Теориите за тоа како ја добиле оваа форма се различни. Некои тврдат дека искривувањето го предизвикале гравитациските промени во регионот, некои дека причина за тоа се снеговите чии тешки наслаги ги свиткале, а некои пак велат дека причината за нивната форма е човечки фактор и дека тие биле рачно искривувани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се качува Трпе на воз,влегува
во купето и гледа пет црнци:
-Овде нешто изгорело???
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема...
Верски календар
На денешен ден
1453.- Во битката кај Кастиона Французите ги...
1762.- Убиен е рускиот цар од германско потекло...
1790.- Во Единбург умре Адам Смит, најпознат...
1821.- Шпанија се откажа од Флорида во корист на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби