Најдобри туристички тури низ светот

Сајтот TripAdvisor ги објави победниците на наградите за најдобри патнички искуства, користејќи алгоритам кој во предвид ги земал рецензиите и популарноста на активностите на сајтот.

Еве дел од најдобрите туристички тури низ светот, рангирани според она што го кажале туристите.

1) Wild Wicklow тура, Ирска

На оваа тура, туристите кои патуваат во Даблин имаат прилика да избегаат од градот и да ги посетат ирските села. Турата се состои од автобус од Даблин до руралните пејсажи на округот Wicklow, посета на тамошниот национален парк и планините каде е сниман холивудскиот хит „Braveheart”. По ручек во традиционален ирски паб, туристите ја посетуваат Глендалу, глечерска долина со многу див живот и историја.

2) Викторија, Канада



На оваа тура од Ванкувер до Викторија, туристите прво патуваат со ферибот 90 минути до Викторија, провинцискиот главен град на Британска Колумбија. Таму со автобус се разгледуваат туристичките атракции, а турата вклучува и 3 часа каде туристите можат самите да го истражуваат градот. На крајот на турата се посетува флоралната градина Бушарт која се протега на површина од 55 акри.

3) Канадската страна на Нијагарините водопади

На оваа тура туристите имаат прилика да ја видат и американската страна на водопадите (од кулата Скајлон), пред да се спуштат во тунелите кои излегуваат на работ на водопадите Horseshoe “потковица“ на долниот опсервациски дек. Во летниот период можат од блиску да се посетат водопадите со чамци.

4) Маори селото Тамаки, Нов Зеланд

Тука посетителите можат да ја научат културата на племето Маори со учестување во нивните перформанси и гозба. Турата вклучува гледање на перформанс со традиционални песни и танци, како и гозба со месо и зеленчуци.

5) VIP искусво во Ватикан, Италија

Со оваа тура може да се влезе во музеите во Ватикан пред тие да бидат отворени за јавноста, и да се разгледа Систинската Капела и собите на Рафаел во поинтимно опкружување. Посетителите имаат и VIP пристап до базиликата на Св. Петар, прескокнувајќи ги долгите редици за да се разгледаат светски познатите уметнички дела на Микеланџело и Бернини. Иако многумина велат дека турата е прескапа и започнува многу рано наутро, повеќето се согласуваат дека „вреди секој денар“.

6) Качување на пристанишниот мост во Сиднеј, Австралија



Качувањето на врвот на иконскиот пристанишен мост (Harbor Bridge) во Сиднеј, Австралија, е одличен начин да се види градот. Туристите се прицврстени на сигурносна жица пред да го следат водичот или до врвот или до половината на мостот од каде има прекрасна панорамска глетка на пристаништето и на познатата Опера. Според сведоштвата, качувањето е „релативно лесно“ и “целосно безбедно“ и нуди „брилијантен поглед на Сиднеј“

7) Велосипедска тура на Берлин, Германија



Оваа велосипедска тура запира на локации како Браденбуршката капија и меморијалот на Берлинскиот ѕид, а вклучува и посета на „пивска градина“. Сведоштвата на сајтот велат дека турата е прифатлива и за деца и дека не побарува брзо возење.

8) Часови по готвење, Фиренца, Италија



Турата започнува со шопинг на потребните состојки за готвење на локалните пазари, а потоа следи пат со автобус до фарма во Тоскана каде посетителите учат како да зготват печено свинско месо, брускети и тирамису. На крајот на денот, се јаде оброк од 4 јадења со Chianti вино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе на гинеколог.
- Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Пантификален ден на Светата столица.

1721.- По две децении војување со Шведска, по...
1752.- Умре Александар Скарлати, италијански...
1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби