Што се наоѓа под европските туристички атракции?

Секоја година, милиони луѓе ги посетуваат истите места во Европа – Лондон, Париз, Неапол и други, но ретко кој знае што се наоѓа под површината на овие градови.

Лондонскиот фотограф Томас Сентпетери ја овековечил оваа нова перспектива на некои од овие иконски туристички дестинации – скриените светови кои ретко кој смета дека се вредни за посета.

1) Франција: Ајфеловата Кула е над Париските катакомби



Музејот Les Catacombes de Paris содржи остатоци на повеќе од 6 милиони луѓе, а бил конструиран да се олесни состојбата на пренатрупаните градски гробници и денес може секој да го посети.

2) Лондонскиот Биг Бен е над метро станицата Алдвич



Напуштената метро станица Алдвич е лоцирана под Кралскиот колеџ во Лондон и има долга историја. Била отворена во 1907-ма, функционирала како засолниште за време на бомбардирањата во 1940-тите, а била затворена во 1994-та поради преголемите трошоци за нејзино одржување.

Денес таа се користи за тренирање на разни организации – вклучувајќи ги и полициските и противпожарни бригади, како и за музејски тури.

3) Тунелите Бурбон под региони на Неапол



Тунелите Бурбон биле направено во 1853 од Ferdinand II и биле замислени како рута за бегање од палатата Reale , но никогаш не биле комплетирани. За време на Втората светска војна, пештерите служеле како засолништа од бомбардирање, и како воена болница.

4) Рудниците за сол Величка под Краков

Овие рудници се една од најголемите полски туристички атракции, а се наоѓаат на длабочини до 327 метри и пред да бидат отворени за јавноста, во нив се создавала сол до 2007-ма.

5) Пештерите Barrio de Cuevas во Гвадикс, Шпанија

Лоцирани во јужна Шпанија, Barrio de Cuevas пештерите се најголемиот пештерски комплекс во Европа, со околу 2000 подземни живеалишта.

Локалното население познато како „trogloditas” (троглодити) живеат во овие пештери стотици години наназад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена се расправаат.
Жената: Ако ми беше сопруг, ќе ти турев отров во кафето.
Мажот: Ако ми беше сопруга, ќе го испиев!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен-Охрид (Отешево-Трпејца, преку...
Верски календар
На денешен ден
1204.- Умре Мојсие Мајмоинид, еврејски филозоф,...
1466.- Во Фиренца умре Донати ди Николо ди Бето...
1553.- Роден е францускиот крал Анри IV, прв...
1570.- Данска ја призна независноста на Шведска.
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби