Дестинации кои и се омилени на британската кралска фамилија

Членовите на британската кралска фамилија имаат уникатни работни места, што не значи дека и на нив не им треба одмор и релаксација како и на секој друг.

Во прилог следат  неколку локации кои тие ги посетуваат кога сакаат да одморат.

1) Mustique, Сент Винсент



Откако Колин Тенат на принцезата Маргарет и подарил земјиште на ова Карипско острово како свадбен подарок во 1960-та, таа изградила сопствена приватна вила која ја посетувала два пати годишно и била домаќинка на сестра и, кралицата Елизабета.

2) Aberdeenshire, Шкотска



Скоро секоја година, кралицата Елизабета и принцот Филип одат во замокот Балморал во Шкотска, на крајот на летото. Овој замок бил купен од кралицата Викторија и принцот Алберт во 1852-ра, а истиот се протега на површина од 50 000 акри и се состои од 150 градби.

3) Египет



Принцезата Дијана имала кралска турнеја во Египет во 1992-ра, каде била поканета од првата дама Сузана Мубарак. Претходно, таа ја имала посетено земјата во 1981-ва на крајот на медениот месец со принцот Чарлс.

4) Клостерс, Швајцарија



Oва село на швајцарските Алпи е омилена скијачка дестинација на принцот Чарлс, а пред да се земат принцот Вилијам неколку пати го има посетено со Кејт Мидлтон, каде за прв пат се бакнаа пред јавноста.

5) Насау, Бахами



Принцезата Маргарет со мажот Ентони Армстронг-Џоунс често ги посетувале Бахамите за да се релаксираат.

6) Планината Кенија, Кенија



Кенија е специјална земја за британската кралска фамилија поради бројни причини. Таму кралицата Елизабета дознала дека го наследила тронот во 1952-ра додека одмарала во Treetops Lodge, а во 2010 принцот Вилијам во истата таа област ја запросил Кејт Мидлтон на езерото Рутунду.

7) Валета, Малта



Не само што тогаш-принцезата Елизабета и принцот Филип таму го поминале медениот месец, туку овој остров го нарекувале нивни дом скоро 2 години. Парот живеел во Villa Guardamangia додека принцот Филип бил стациониран во Валета со кралската морнарица во 1947-ма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби