Се продава дел од хрватскиот „Остров на љубовта“

Во Хрватска осамна оглас за продажба на дел од островот Галешњак, препознатлив по својот облик на срце. Површината се продава за 10 милиони евра.



-Може да направите нешто навистина уникатно со овој имот, особено кога имате гости со јахти како Бијонсе и Џеј Зи (Бијонсе дури еднаш го прослави и роденденот таму), Џеф Безос, Мајкл Џордан итн., бидејќи на крајот на краиштата, кој не би дошол да го посети единствениот морски остров со природен облик на срце во светот?“, се наведува во огласот.

Површината на овој „Остров на љубовта“ е 142.000 квадратни метри, а делот што е на продажба зафаќа нешто над 30.000 квадратни метри и повеќе од 500 метри брег. Авторот на огласот забележува дека една од можностите е да се отвори и семејна фарма.

-Земјоделска фарма што може да се работи на површина од три хектари. Дополнително, може да се изградат 400 квадратни метри надземни згради и 1.000 метри квадратни подземни згради – што е одлична можност за земјоделски елитен туризам со вила и / или ресторан и голем склад за маслинки, вино и други билки, се вели натаму во описот.

Галешњак на каналот Пашман е едно од најпрепознатливите хрватски островчиња, а „Брајтсајд“ своевремено го смести во својата листа на „20 светски чуда“. Во 2019 година, Катедрата за археологија при Универзитетот на Задар откри дека луѓе живееле таму и пред повеќе од 7.000 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби