Потопен древен град - туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи за целосно сочуван град што постоел скоро две илјадалетија - до средината на 20. век. Научниците го нарекуваат „кинеската Атлантида“.

Шиченг (Градот на Лавовите) се наоѓа во источна Кина. Археолозите и истражувачите го преоткриле во 2001 година, кога кинеските власти почнаа експедиција за да го пронајдат она што останало од накогашната престолнина. Утврдено е дека градот е совршено сочуван и, по 53 години под вода - во 2017. е отворен за туристи и посетители, пренесува порталот „Индепендент“.

Посетителите може да го видат градот како дел од подводните екскурзии, но мора да имаат сертификат за завршен напреден курс за нуркање.

Но, како Градот на Лавовите завршил под вода? Историјата вели дека тој првично бил изграден за време на династијата Хан, меѓу 25. и 200 година од нашата ера. Во тоа време, Шиченг бил политичко-стопанско средиште на источната покраина Жеџијанг и во градот се наоѓало околното седиште на владетелот. Местото било населено со луѓе и вековите потоа.

Стариот, древен град бил потопен кога во 1959 година Кинеската влада одлучила да изгради хидроелектрична брана на реката Син, којашто го поплавила наследството од антиката - а сè уште жива населба, и сè тоа заврши под вештачкото езеро. Претходно биле раселени повеќе од 300.000 жители.

Бил заборавен 40 години, но древниот град е зачуван како „временска капсула“ од мигот кога бил поплавен. Со оглед на тоа што водата што се користела за потопување не содржела ништо корозивно, градот е совршено недопрен. Градските ѕидини, за коишто се верува дека датираат од 16. век, имале пет влезни порти. Широките градски патеки имаат 265 сводни премини со камени ѕидови, и врежани змејови, феникси и лавови на нив.

Шиченг функционирал како град до 20. век, но сè уште не може да биде целосно мапиран. Нуркачите денес постепено ја проучуваат секоја изградба, здание, патека во Шиченг - за да добијат целосна слика за тоа како изгледала оваа населба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби