Повеќе од традиција

Повеќе од празник, повеќе од Велигден

Се вика Вокер Крафт, на 1 април наполни 78 години и живее во гратчето Залфелд во сојузната германска држава Тирингија. Но, она по што е познат е нешто сосем различно од неговата возраст и од географијата.



Сакајќи само да ги оживее своите детски спомени кога видел накитено дрво со велигденски јајца; во далечната 1965 година, тогаш младиот Вокер Крафт ја накитил јаболкницата во својот двор со 18 шарени велигденски јајца. Овој обичај отсекогаш постоел во Германија, но последните неколку децении токму господинот Крафт од него направил необична, уметничка хипербола која од Велигден на Велигден станува сè попосетена, дури и вистинска туристичка атракција!

Минатата година, јаболкницата на Крафт накитена со 10 000 јајца ја посетиле повеќе од 13 000 посетители! Таа е одамна порасната, раскошна и додека ние пишуваме за неа, веројатно веќе е накитена за да блесне на Велигден во полн сјај!?

Овој необичен пример за возобновување и уметничко надградување на традициите, како концепт е најприсутен во музиката, но, еве,

Колку ли јајца ќе има на јаболкницата на Вокер Крафт годинава? Бездруго, повеќе од 10 000, затоа што Крафт јавно вети дека нема да се повторува и постојано, од Велигден на Велигден, ќе го зголемува бројот на јајцата!
се случува креативноста да ги надрасне и празниците, иако на некој начин била зачната токму од нив.

Чешмата во Бибербах

Китењето со јајца, не е нешто непознато, обичајот е стар и се верува дека потекнува уште од Келтите , но неговите варијанти, од година в година се видоизменуваат и добиваат сосем поинакви значења и димензии. Господинот Вокер Крофт со едноставноста и личниот влог го привлекол вниманието на светот (има и своја веб страница - www.eierbaum-saalfeld.dе) , но во Гинисовата книга на рекорди како најголема декорација со јајца стои накитената чешма во Бибербах во Австрија со повеќе од 10 000 јајца. Дали Крофт се обидува да ја порази?



Од необичните празнувања кои во буквалната смисла се многу повеќе од „празнување“, ќе ги спомнеме уште и т.н. „велигденско банкарство“, познатата игра со монети (Zwänzgerle) во Цирих за време на Велигден, „смената на велигденските животни“ која настанала кај католиците откако децата почнале да се сомневаат дека велигденските јајца ги несе лисицата (!), и сите симпатии отишле кај зајакот (!). Во почетокот на дваесеттиот век лисицата и зајакот се бореле за оваа „функција“, но зајакот бил победникот, затоа што е многу посимпатично и помирно животно. Се разбира дека никој не ѝ дал никаква предност на вистината. Велигденското полевање (на жените и девојчињата со вода, небаре се цвеќиња) е карактеристично за Унгарија.

Според овој ритуал девојката или жената , откако ќе биде полеана со вода, на момчето треба да му даде велигденски јајца или друг велигденски специјалитет и тој нема никаква врска со додворување, туку едноставно само со гурманство.



О. Ќорвезироска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби